Силјановска Давкова го помилува Ѓоко Поповски за набавката на „Мерцедесот“
Објавено во: Македонија 03 Април, 2025 09:57
Претседателката Гордана Силјановска Давкова го помилува поранешниот помошник на министерот за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден за злоупотреби при јавната набавка на фамозниот „мерцедес“ од 600.000 евра во случајот „Тенк“.
Поповски излегува на слобода по 9 години поминати во затвор, а одлуката за делумно помилување е потпишана од македонската претседателка со што тој е ослободен од понатамошно издржување на остатокот од казната. Во одлуката за помилување се наведува дека делумно се ослободува од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од затворската казна.
Поповски беше осуден во предметите „Триста“ и „Тенк“ во случаи штои ги отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), поврзани со злоупотреби во јавните набавки. За него често јавноста знаеше да каже дека е „единствениот“ осуден за криминалите во владеењето на претходниот премиер Никола Груевски.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




