Силјановска Давкова го посети Папата: Средба со Радев нема да има
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024 12:21
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја предводеше државно-црковната делегација во посета на Рим и Ватикан, по повод честувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
По средбата со Папата Франциск, новата претседателка за медиумите изјави дека нема да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
- Изразивме спремност, но нема да дојде до таа средба. Обете делегации имаме агенда, а рековме дека час поскоро во првиот момент таа ќе ја реализираме. Само што излегов од кај Папата, дознав дека средба нема да има. Но, останува спремноста да се видиме,порача таа.
Ова е нејзина прва официјална посета во странство по победата на претседателските избори на 8 мај. Таа ќе има аудиенција кај папата Франциск и како што налага традицијата, по претставувањето, претседателката и папата меѓусебно ќе разменат подароци.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




