19 Декември, 2025
0.0391

Силјановска Давкова по нејзина иницијатива одржа средба со Румен Радев во Баку

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2024 09:54

Добивај вести на Viber

Претседателката Гордана Силјановска Давкова во Баку се сретна со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Тој почетокот на разговорот и се заблагодари за поканата за средба и рече дека тоа е важно продолжение на „нашите многу отворени и пријателски односи“, пренесе БНТ. Иницијативата за средба на Конференцијата за климатски промени била на иницијатива на македонската претседателка.

Силјановска Давкова изразила жалење што не се слушна она што беше разговарано со шефот на бугарската држава на средбата во Софија во септември, кога настанот мина во сенка на тоа што не беше истакнато македонското знаме.

.Шефицата на државата го потсети Радев дека најважното во моментов е да комуницираат народите

- Најважното е народите да ни комуницираат и мојата убава вест, радосна вест е кога ја добив таа луксузна публикација од професорот Карталов за улогата на бугарската опера во културната дипломатија и кога видов дека цел еден дел е посветен на гостувањата на нашите опери сфатив дека ние ги претставуваме граѓаните, значи треба да ги следиме граѓаните. И таму им се радуваа на македонските оперски пејачи кои беа инспирирани и во Скопје на извонредните бугарски оперски пејачи. Ете тоа покажува дека треба да го следиме ритамот на граѓаните, а бугарските и македонските граѓани се разбирале и ќе се разбираат. Ако се разбираат тие, треба и ние да ја разбереме нивната потреба едни од други, рече Сиљановска на средбата со Радев.

И Радев посочи дека би бил среќен доколку луѓето од Бугарија и оние од Северна Македонија имаат поголема можност да комуницираат меѓу себе.

Треба да се развива бизнисот меѓу двете држави, побрзо да падне границата, а таа ќе падне побрзо кога Северна Македонија час поскоро ќе стане членка на Европската Унија и сите го чекаме тоа. Знаете дека Бугарија ви помага за тој развој, нагласил Радев.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните