СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕК: Тоа е објективна слика и патоказ за реформските приоритети
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2024 21:05
Извештајот на ЕК е објективна слика и патоказ за реформските приоритети на земјава, оценила претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
На средбата со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, кој во претседателската резиденција ѝ го предаде Извештајот, Сиљановска-Давкова, како што соопштија од нејзиниот кабинет, истакнала дека македонските институции ќе посветат внимание на препораките и насоките од Извештајот.
Сиљановска-Давкова го поздравила Планот за раст на ЕУ и во тој контекст потенцирала дека од суштинско значење е да се покаже неговата ефективност преку забрзување на реформите, искористување на целосниот потенцијал и максимизирање на придобивките за граѓаните и економијата на земјава.
Тоа, како што рекла претседателката, ќе влијае на ублажување на разочарувањата од долгиот процес на пристапување во Европската Унија што го минува земјава.
„На средбата со амбасадорот Рокас, претседателката изрази очекување дека новиот пристап на постепена, фазна интеграција ќе продолжи паралелно со процесот на пристапување, што ќе придонесе за поголема вклученост на земјата во процесите, политиките и програмите на ЕУ и ќе помогне за зголемување на севкупната подготвеност и поефикасно преземање на обврските од идното членство“, се вели во соопштениот од нејзиниот кабинет.
Сиљановска-Давкова посочила и на важноста од објективна евалуација на спроведувањето на реформската агенда и забрзување на македонските евроинтеграции врз основа на принципот на заслуги и Копенхашките критериуми.
Истакнувајќи го полнопрвното членство во Европската Унија како наша стратешка цел, за кое не гледаме друга алтернатива, претседателката нагласила дека е важно пристапниот процес да биде фер и во негови рамки да се почитува националната гордост и националниот идентитет на македонските граѓани.
И премиерот Христијан Мицкоски признава дека граѓаните живеат тешко и дека се потребни реформи. Рокас вели дека е важно тоа што нема назадување.Фото: Кабинет на претседателот на РСМ
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




