Добивај вести на Viber
Од страна на НАТО стигна силна осуда за вчерашните локални избори во Косово. Како што изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен насилството не смее да се толерира. Тој ги осудува нападите на избирачките места во северна Митровица и појасни дека силите на КФОР интервенираа веднаш по барањето на ЕУЛЕКС, распоредени се тимови за брзо реагирање кои обезбедиле слободно движење кон избирачките места.
„Нашите сили создадоа слобода на движење, во местата од каде што избирачкиот материјал се пренесуваше до главните штабови“ рече Расмусен кој ги оцени изборите како важен дел од процесот за нормализирање на односите меѓу Себија и Косово.
„Не може насилството да биде дозволено да го попречува овој процес“, нагласи тој.
Според Расмусен, НАТО нема намера да го намали бројот на своите војници на Косово, а силите на КФОР ќе продолжат да интервенираат решително за обезбедување на мир на целата територија на Косово.