Силно полициско присуство, граѓани се собираат за маршот на Тврдокорни
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2017
Стотина млади луѓе се собраа на платото пред Соборниот храм во центарот на Скопје.
Според најавите на социјалните мрежи, членовите на здружението „Тврдокорни“ денеска во 17 часот ќе го започнат својот марш наречен „Завет за Македонија“, кој ќе треба да заврши пред Собранието. Без транспаренти, во мирна атмосфера се очекува почетокот на маршот.
Бројни полициски сили се присутни околу Соборниот храм во Скопје.