СИЛУВААТ И ОГРАБУВААТ: Бунтовниците од Руанда влегoa во Конго
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2025
Бунтовниците од Руанда влегoa во Конго. Како што соопшти ООН, тие силуваат, ограбуваат, а дури и младите се вооружени.
Членовите на групата М23 вчера влегоа во градот Гома, што ја означи најтешката ескалација од 2012 година во деценискиот конфликт вкоренет во последиците од геноцидот во Руанда, како и контролата врз минералното богатство на Конго.
Руанда соопшти дека зазема одбранбен став поради заканата што ја претставуваат конгоанските милиции.
Десетици конгоански војници се предадоа, но некои војници и провладини милитанти сè уште се држат, велат жителите и извори од ОН.
Вили Нгумби, бискуп од Гома, изјави дека вчера експлозив погодил куќа во која живееле свештеници и породилното одделение на католичката болница.