Силвија Стојановска во Мадрид резервирала апартман и подигнувала пари
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2019 10:34
Силвија Спасовска, актерката која е во куќен притвор по меѓународната полициска акција „Кокаин“, одела на два пати во Мадрид и при тоа еднаш да резервира апартман за братот на нејзиниот осомничен сопруг Војислав Будисављевиќ и еднаш за да подигне 10.000 евра, потврди денеска Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи.
Стојановска и Будисављевиќ минатата недела беа уапсени откако во Шпанија беше запленет кокаин пд 700 килограми, а сопругот на актерката доби 30-дневен притвор. МВР поднесе кривична пријава против Силвија и нејзиниот сопруг за производство за производство и дистрибуција на наркотични средства
- На 18 декември заедно со полициските служби на Шпанија и Колумбија, а во кординација на САД е разбиен обид за продажба на 700 килограми кокаин со цена од 20 милиони евра при продажба на големо. МВР во периодот јули-декември 2019 во координација со јавен обвинител превзеде низа на мерки и активности за следење на двајца македонски државјани. Остваривме низа координирани состаноци во Скопје и Мадрид. Вмешани се и криминални соработници од Македонија, Шпанија и Колумбија, рече Спасовски.
Министерот рече дека претходно бил поткупен капетан на брод со 850.000 евра за транспортот на кокаинот од Колумбија до Шпанија, пред дрпгата да биде запленета во Мадрид на 18 декември
- В.Б и неговиот брат остварувал редовни контакти во Скопје и ги договарале деталите за дистрибуција. С.С. направила резервација во Мадрид и го платила со своја картичка апартманот за братот на В.Б. А потоа во име на неговиот брат отпатувала во Мадрид да подигне 10.000 евра. Двајца шпански државјани се уапсени во моментот на превземање на дрогата со комбе рено. Средби претходно имало и во Белград, Дубаи, канкун и Картагина, а се одржувала и интернет комуникација со висока заштита, додаде Спасовски.
Обвинителката Маја Куневска рече дека целта за продажба биле земјите од Западна Европа, а обвинетиот Будисављевиќ е во истражен затвор затоа што веже имал одлежано една затворска казна, додека Стојановска е во куќен притвор затоа што не е судена и има постојано вработување и сосема е доволно тоа што е обезбедено нејзиното присуство.
- Дрогата била криена во магацин додека се најдат купци, Кога се најдоа купци настапува апсењето. Две локации се претресени во Скопје и најдени се докази, ддоека едното место е место на живеење на двајцата сопружници, рече Куневска.
Таа најави дека истрагата ќе се проширува и ќе има размена на докази за да се дооткријат сите учесници.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





