Симидчиев тврди дека Бугарите во 2008 се соочиле со вирус сличен на корона
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 27 Јули, 2020
Бугарскиот пулмолог д-р Александар Симидчиев тврди дека повеќето Бугари се соочиле со вирус поврзан со Ковид-19 уште во 2008 година, објави Новините.бг.
Вели дека вирусот бил во Бугарија во 2008 година и бил изолиран во лилјаци. Симидчиев објаснува дека името на вирусот е „CoV-2008 / Бугарија“ и дека можно е ова да е причината зошто пандемијата во Бугарија не е толку голема.
„Факт е дека овој вирус беше во Бугарија и според сите проценки се чини дека околу 50 отсто од населението има некаков имунитет. Веројатно е дека тие се стари лица “, додава Симидчиев.
Смета дека во зима ќе има поголем ризик од ширење на заразата.Советува луѓето да се вакцинираат од грип, затоа што ако се заразат од двата вируси, ќе биде многу лошо.
Бугарија има 340 починати од коронавирусот, и над 10.000 заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.