СИМНЕТЕ АПЛИКАЦИЈА „МОЕ ЗДРАВЈЕ“, И ПОВТОРНО НИШТО НЕ Е ВО РЕД: Матичните лекари бараат начини да им помогнат на пациентите со верификувањето
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2025 10:26
Откако во текот на вчерашниот ден се крена паника дека матичните лекари не можат да закажуваат термини на Мој термин, ниту пак да препишат терапија заради тоа што системот барал верификација со код на мобилниот уред на пациентот, се огласија голем број лекари од примарното здравство, кои велат дека и покрај тоа што имало апликација која им ја понудиле на пациентите а на која ќе можат самите да си го верификуваат телефонот, но и таа опција не функционирала како што треба.
Првенствено, лекарите апелираа пациентите да си ја симнат апликацијата и самите да си го верификуват мобилниот телефон, но денес со реакција дека повторно системот на функционира како што треба.
„Почитувани пациенти, ве молам сите кои сте во можност симнете си ја апликацијата Мое здравје. Најавете се според насоките. Со оваа апликација во секој момент ќе имате информации за сите реализирани прегледи кај матичен лекар, лекар специјалист, резултати од лабораториски анализи и слично.
На апликацијата имате можност да внесете и верифицирате мобилен телефон. Ве молам направете го тоа.
Секој треба да си биде одговорен за себе и за сопственото здравје! Секогаш кога ќе променете мобилен телефон податоците задолжително ажурирајте ги“, напиша вчера докторката од Кратово, Даниела Николовска.
Денес, сепак таа објави дека верификацијата што ја направиле вчера пациентите, не била регистрирана во системот.
„Откако во вчерашниот мејл од страна на Мој термин бевме известени дека на апликацијата Мое здравје пациентите сами можат да си го верификуваат мобилниот, неколку пациенти постапиле по нашите насоки и утрово се јавија да провериме дали е се во ред. Ииии ништо не е во ред. Повторно бара матичниот да направи верификација. Дупла работа. Единствено позитивно е што апликацијата Мое здравје е комплетно функционална и тие што си ја симнале се задоволни бидејќи си ја имаат комплетната медицинска историја на својот телефон“, се вели во нејзината реакција на социјалните мрежи.
Докторката Лидија Чолакова Дервишова пак, објави реакција на некој од пациентите кои се обиделе да ја симнат апликацијата Мое здравје, а која за жал не функционирала заради марката на мобилниот телефон што го користат.
Можеби ќе ве интересира
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска




