СИМУЛИРАА СИМБОЛ НА „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Две лица завршија во притвор
Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2024 15:01
Притвор добиja швајцарските државјани кои го симулираа симболот на „Голема Албанија“ пред српското собрание.
Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на двајца швајцарски државјани, кои се обвинети за поттикнување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост. Обвинетите претходно биле на распит во Вишото јавно обвинителство (ВЈО) поради сомнение дека споменатото кривично дело го сториле на 2 ноември пред Собранието на Србија. Бернард Ц. со мобилен телефон го фотографирал Џанфранко В. додека тој со тупаници покажувал двоглав орел, „алудирајќи на симболот на голема Албанија“. Осомничениот Бернард Ц., кој има државјанство на Швајцарија и на Хрватска, за време на сослушувањето делумно ги признал наводите од кривичната пријава, потврди српското обвинителство. Џанфранко В. се бранел со молчење, односно го искористил законското право да не изнесе одбрана. Слични провокации имало и во минатото. Скоро се случи да биде хакиран билборд во Ваљево на кој било покажано како албанскиот орел го дави српскиот орел кој го има на знамето.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




