22 Ноември, 2024
0.0307

СИНДИКАТОТ СЛАВИ, ГАЗДИТЕ СЕ СКЕПТИЧНИ - дали сме толку богата земја за да не се работи во недела

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Синдикалците се израдуваа, но работодавачите со предупредувања до власта. Убаво е, велат, да се унапредваат работничките права, но земјава не е толку економски развиена за да си дозволи во недела да не работи ништо, со цел работниците да можат да одморат и да му се посветат на семејството. И додека Синдикатот смета дека извојувал долгогодишна битка, за бизнисот прогласувањето на недела за неработен ден како што планира власта, е оправдано само сега, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјава. Но, газдите се согласуваат дека ако неделата се работи, таа треба дополнително да му се плати на работникот, а потоа задолжително да му се даде еден слободен ден во текот на наредната недела.

Овие реакции следуваат откако Владата на последнта седница ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден и го задолжи Министерството за труд и социјална политика, во рок од 15 дена, да достави законско решение за ова прашање.

Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, за Фактор објаснува дека согласно нашиот Закон за работни односи, неработен ден е по правило недела, но може да биде и било кој друг ден во неделата, ако така е предвидено со актот на работодавачот, како што е статутот, правилникот и слично.

„Оваа мерка најмногу ќе се однесува на угостителите, како и на објектите од малопродажбата, како што се маркети, молови и слично, каде што неделата е работна. Кај маркетите всушност неделата е работна, со тоа што тие работодавачи треба да имаат доволен број на работници за да можат да ги организираат смените, така што работниците би можеле да добијат слободен макар еден ден во неделата, на пример среда“, објснува Димитров.

Оваа одлука на Владата значи дека за ниту една компанија во земјава недела нема да смее да биде работен ден, односно ќе мора да биде неработна. Односно, засега станува збор само за препорака на Владата до Министерството за труд исоцијална политика да предложи закон со кој тоа ќе се регулира. Притоа, во законот сигурно ќе има исклучок за одредени дејности каде запирањето на процесот на производство би предизвикал големи штети во работењето, на пример РЕК битола или слични објекти или дејности, кои ќе бидат изземени од законот. Димитров очекува дека главно овој закон ќе се однесува на работењето во угостителските објекти и во моловите.

Откако предлог законското решение би го изготвило Министерството за труд, сигурно дека ќе биде гледано на Економско-социјалниот совет, односно од страна на Владата, работодавачите и Синдикатот.

КАКО НЕРАБОТНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДРАЗИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ

„Мојот личен став е дека доколку оваа мерка биде привремена и насочена само со цел ублажување на здравствената криза предизвикана од ковид 19, односно за спречување на ширењето на заразата, тогаш таа мерка навистина има смисла и јас неа ја поддржувам. Но, доколку Владата мисли ова да биде трајно решение, однпосно да важи и после здравствената криза, кога таа ќе биде надмината, јас сум изрочно против. Ова го сметам од причина што Македонија се наоѓа на една ниска скала на економски развој, односно нашиот БДП по жител е 5 до 10 пати понизок од оној во развиените држави, и ние не можеме да си дозволиме таков луксуз како што си дозволуваат развиените држави“, објаснува Димитров.

Нагласува дека во недела, многу наши сограѓани од внатрешноста сакаат да дојдат на шопинг токму во моловите во Скопје, бидејќи тој им е слободен ден. Исто така, многу граѓани од странство, дали од Грција, дали од Косово или од Србија, доаѓаат на шопинг или во моловите во главниот град, или на пример во казината во Гевгелија.  Тие носат и значаен промет за самите трговски компании, но и значаен девизен прилив за земјава.

„Сметам дека Македонија во овој момент не смее да се откаже од тој промет и прилив, бидејќи е значаен не само за овие компании, туку и за буџетот на државата. Тоа може да си го дозволи на пример, една Германија, во недела да не работи ништо, но таа е богата држава, ние сме далеку од тоа и не смееме да си дозволиме тој промет да го изгубиме“, објаснува првиот човек на Организацијата на работодавачите.

Немсето тоа, Димитров смета дека треба со закон да се одреди дека во оние компании во кои ќе се работи во недела, да биде исто така утврдено дека во текот на наредната недела работникот сигурно ќе има еден слободен работен ден, на пример, среда, но исто така и работењето во недела ќе му се плаќа за 35 отсто повеќе во однос на редовен работен ден. Или на пример, ако редовната дневница изнесува 1.000 денари, работењето во недела да биде платено 1.350 денари. На тој начин ќе има и повеќе работници што ќе сакаат да работат во недела, бидејќи ќе можат да зарботат повеќе средства.

КОНТРОЛИТЕ ОД ТРУДОВИОТ ИНСПЕКТОРАТ МОРА ДА ЗАЈАКНАТ

На прашањето, пак, кој ги штити сега работниците што работат во недела, а не добиваат ниту слободен работен ден, ниту дополнително платен труд, Димитров вели дека државата мора да си ги зајакне капацитетите на Државниот инспекторат за труд, кои ќе мора да прават строги контроли за тоа кои газди ги почитуваат законите, а кои не.

„Така ќе и се направи услуга и на државата, и на работниците, но и на чесните работодавачи кои ги почитуваат законите. Бидејќи, заради неколку такви компании во кои газдите ги кршат законските прописи, страдаме и ние кои работиме позитивно“, објаснува Ангел Димитров за Фактор.

И додека за работодавачите прогласувањето на недела за неработен ден може да биде неповолно за економскиот развој, Синдикатот вчера објави дека успеале да се изборат за работничкото право за кое долго време се залагале.

„Во услови на Светската здравствена криза, предизвикана од Коронавиросот ковид 19, се покажа дека повеќе од потребно е недела да биде неработен ден за сите работници.По пат на Социјален дијалог со Владата успеавме да го обезбедиме ова право на работниците“ се вели во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македнија.

ССМ РАДОСЕН - НЕДЕЛА Е ДЕН ЗА СМЕЈСТВОТО И ЗА СЕБЕ

Оттаму нагласуваат дека ова решение е во интерес на граѓаните, а неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакнува дека во насока на заштита на работничките права и обезбедување на баланс помеѓу работата и семејството, ССМ во изминатиот период повеќе пати предлага ден на неделен одмор да биде недела.

„Прифатениот предлог од страна на Владата, ССМ смета дека претставува одличен пример за унапредување на работничките права преку создавање на правна рамка за почитување на демократските вредности.Заедно стануваме пример за унапредување на работничките права“, вели Димовски.

Какво законско решение ќе предложат од Труд и социјала, останува да се види во наредните денови.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

Заменик министерот за финансии: Трпиме голем притисок од олигарсите

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

ФОЛКСВАГЕН ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИ СО РАБОТНИЦИТЕ: Доколку не се исполнат овие услови, ќе има штрајк, прв од 2018 година

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

(ВИДЕО) Браќата Кимовски, сопственици на „Сетек“: Добивките секогаш ги реинвестираме во бизнисот, продаваме по 30.000 машини за перење годишно

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

Наградно прашање: Каде Доне Таневски ќе вложи 6 милиони евра?

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

„Костал“ со нова компанија започнува со посебно производство на најсофистицираниот дел за електричните возила на „Фолксваген“

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

СЕ ВОВЕДУВААТ НОВИ МЕРКИ НА ГРАНИЦИТЕ: Земјите ги заоструваат контролите

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СРПСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Пензиите ќе се зголемат за 10.9 отсто