Синот на газдата на „Пулс“ имал суицидни мисли, адвокатката објасни дека во пожарот ја загубил девојката
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2025 17:21
Адвокатка Ивана Коцевска која го брани Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов, газдата на дискотеката „Пулс“, кажа дека тој имал своја фирма „Карго бит ДООЕЛ Кочани“ и не добил никакви овластувања од неговиот татко да презема дејствија во име на фирмата која ја водела т.н. дискотека.
Таа тврди и дека имало психолошки нарушувања кај нејзиниот клиент, затоа што во пожарот ја загубил девојката, со која
бил 10 години и неговиот најдобар пријател, и дека и самиот се здобил со изгореници од трет степен. Според неа, кај момчето се појавиле суицидни мисли и морал да работи со психолог. Коцевска вели дека за него Основното јавно обвинителство не обезбедило ниту еден доказ и не прецизирало конкретно
дејствие што му се става на товар.
Дејан Јованов изрази сочувство до семејствата на загинатите, но не призна вина.
Во пожарот на 16 март загинаа 63 луѓе, а околу 200 беа повредени.
фото Вангел Тануровски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“
Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас
Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат
Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе
Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста
ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов




