19 Декември, 2025
0.0531

ЕЛЕМ за „Фактор“: Денес ќе го раскинеме договорот со синот на Мира Стојчевска

Објавено во: Македонија 30 Април, 2019 14:43

Добивај вести на Viber

Синот на пратеничката Мира Стoјчевска, Виктор Стојчевски, денеска го поднесе актот за спогодбено раскинување на работниот однос со АД ЕЛЕМ, потврдија од компанијата за „Фактор“.

- Актот е во правна процедура и до крајот на денот тоа ќе се ефектуира. Ќе го потпише генералниот директор на компанијата, или доколку е отсутен, тоа ќе го стори неговиот заменик - ни потврдија од Електрани на Македонија.

Синот на Стојчевска ова го најави уште пред велигденските празници и нагласи дека ќе го стори од морални причини после одлуката на Комисијата за спречување на корупцијата која потврди дека неговото вработување во АД ЕЛЕМ е спорно.

По отворениот случај во Антикорупциска, премиерот Зоран Заев ги повика сите пратеници за кои беа отворени предмети да ги повлечат своите блиски од нивните работни места., Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, веќе објави дека неговата сестра и мајката на неговата сопруга ќе си дадат отказ.

Стојчевски беше вработен на местото инжинер за нови технологии, а од АД ЕЛЕМ тврдеа дека тој ги исполнувал критериумите од огласот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот