17 Декември, 2025
0.0563

СИРЕНИ ВО КОСОВСКА МИТРОВИЦА, БАРИКАДИ НА ПАТИШТАТА - почнаа очекуваните тензии кај северните соседи

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2022 19:36

Добивај вести на Viber

Граѓаните поставија барикади на северот на Косово и Метохија, по најавата на Приштина дека од утре почнува одлуката за пререгистрација на возила и лични карти. Во Косовска Митровица се слушаат сирени.

Граѓаните ги блокираа Јариње и Брњак, распоредени се специјалци

Граѓаните ги блокираа административните премини Јариње и Брњак каде се распоредени косовските специјалци.

Косовската полиција не дозволува пешаци или возила да минуваат низ Јариња, а оние кои веќе поминале ги враќа назад.

Полицијата во централна Србија ги враќа патничките возила кои се упатиле кон административните премини.

Сирени во Косовска Митровица

Во Косовска Митровица се слушаат сирени за тревога, а граѓаните излегоа на улица.

Неколку десетици лица го блокираа главниот пат Приштина-Рашка, во местото Рударе кај Звечани.

Барикада во Рудари

Имаше и припадници на косовската специјална полиција, кои почнаа да заминуваат во околните села, кога почна собирот на граѓани.

Барикадата е поставена на патот Зубин Поток-Рибариќе.

Истовремено, во Косовска Митровица се слушаат сирени, а луѓето излегоа на улица.

Приштина најави дека од утре ќе почне да ја спроведува одлуката на Приштина за пререгистрација на возила и лични карти, изјави премиерот на приштинските привремени институции, Аљбин Курти.

Можеби ќе ве интересира

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели