18 Декември, 2025
0.0375

Сирија им даде зелено светло на Американците за воздушните напади на нејзина територија

Објавено во: Свет 23 Септември, 2014 13:16

Добивај вести на Viber

Сирискиот претседател Башар ал-Асад дава зелено светло за нападите на меѓународната коалиција предводена од САД врз џихадистичката Исламска држава на сириска територија. Сириското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ги поддржува „сите меѓународни напори“ во борбата против џихадистите од Исламската држава и Фронтот ал-Нусра. „Сирија ги поддржува сите меѓународни напори за борба против тероризмот на Исламската држава и Ал-Нусра, инсистирајќи на почитување на националниот суверенитет и меѓународните закони“, стои во соопштението. Претходно, сириското МНР објави дека САД ги известиле властите во Дамаск за планираниот напад. „Американците вчера го информирале претставникот на Сирија во ОН дека ќе започнат операции против терористичката организација Исламска држава во Рака“, наведе сириското министерство. Пентагон прецизираше дека во 50 воздушни напади утрово учествувале авиони ловци, бомбардери и ракети „Томахавк“ од воени бродови во Црвеното Море и Персискиот Залив. Според првичните информации, во нападите учествувале и пет партнерски арапски земји - Јордан, Бахреин, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, од кои Јордан веќе го потврди своето учество. Ова е првпат САД и Сирија да се на иста страна по заладените односи меѓу двете земји, поради отворените критики на Вашингтон за режимот на Башар ал-Асад. Рускиот претседател Владимир Путин денеска истакна дека за секој напад на сириска територија мора да бидат известени сириските власти и тие да дадат согласност за него. Путин утрово за воздушните напади врз позиции на Исламската држава во Сирија телефонски разговарал и со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун. „Владата на Сирија мора да биде известена за нападите. За изведување на вакви напади треба да се добие дозвола од Владата на Сирија“, го истакнал Путин ставот на официјална Москва. Во утринските напади врз цели во Сирија, според првичните информации, биле ликвидирани најмалку 30-тина припадници на радикалната Исламска држава.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел