Сиромашна земја што го „скроти“ Ковид -19: Имаат дури четири вакцини, но малкумина го знаат тоа
Објавено во: Свет 27 Јануари, 2021
Во земјите на Европската унија се преферираат само вакцините од западноевропските
производители: Модерна, Фајзер/Бионтек, АстраЗенека,
додека оние развиени и произведени од други земји - како што се Кина,
Индија и Иран - ретко се споменуваат освен ако не се критикува или доведува во
прашање нивната ефикасност и безбедност.
Истовремено, за земја која е медицински шампион со децении и работи на четири вакцини против Ковид-19 скоро и да нема никакви информации. Станува збор за Куба.
И самата вест дека Куба и Иран склучиле договор за соработка за вакцината против корона вирусот помина сосем незабележано, иако кубанскиот државен Институт за вакцинација „Финлеј“ на почетокот на месецот објави дека потпишал договор за соработка со иранскиот нститут за тестирање на најнапредната од четирите кубански вакцини - Соберанa 2.
Споменатата кубанска вакцина успешно ја помина втората фаза на клинички испитувања, а третата и последната фаза ќе се спроведе и во Куба и во Иран. Покрај 150.000 жители на Хавана, вакцината ќе биде тестирана на 50.000 волонтери во Исламската Република Иран. Постои интересна причина зошто Хавана се одлучи за Иран. Куба успешно се избори со корона вирусот, толку успешно што нема доволно заразени жители за да ја тестираат вакцината. Затоа тие се свртеа кон Иран, каде стапката на инфекција е најголема на целиот Блиски исток.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.