СИРОМАШТИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ваква економска криза немало 150 години во светот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Јуни, 2021 20:28
Економската криза во Либан е една од најтешките во последните 150 години, проценува Светска банка. Скоро пет милиони Либанци живеат во сиромаштија. Десетици илјади луѓе останаа без работа, а многумина ја напуштија државата во потрага по подобар живот.
Кризата се влоши во последните месеци поради политичките расправии меѓу ривалските групи, што го одложи формирањето на новата влада, откако премиерот Хасан Диаб поднесе оставка неколку дена по експлозијата на 4 август. Светска банка оцени дека либанското раководство воопшто не одговорило на тие предизвици.
Се наведува дека од крајот на 2019 година, Либан се соочува со предизвици, вклучувајќи ја најголемата мирновременска економска и финансиска криза, ширењето на коронавирусот и разорната експлозија во пристаништето Бејрут минатата година, што се смета за една на најголемите ненуклеарни експлозии во историјата.
Бруто домашниот производ на Либан минатата година беше намален од околу 55 милијарди долари на 33 милијарди и тој падна за 40 проценти по глава на жител.
Со децении во Либан доминира истата политичка елита составена од поранешни воени началници и команданти на граѓанската воена милиција, потсетува Бета. Корупцијата е широко распространета во последните децении, доведувајќи ја малата земја на работ на банкрот.
Во март лани, Либан не го плати својот долг по првпат во историјата, затоа што вредноста на нивната валута изгуби повеќе од 85 проценти од својата вредност.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите





