02 Декември, 2024
0.0432

Системот за наводнување во Теарце напредува брзо, земјоделците наскоро ќе имаат нов водовод

Објавено во: Агробизнис 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Системот за наводнување во општина Теарце, кој започна да се гради пред два месеци, ќе обезбеди вода за 120 семејства кои одгледуваат различни земјоделски култури. Веќе 30 проценти од планираната инвестиција е комплетирана, и досега се поставени цевки во должина од  6.391 метари. Проектот се гради со поддршка од ИПА програмата на Европската Унија, во рамките на проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“, со вкупна вредност од 1,7 милиони евра, дизајниран да ја користи технологијата за наводнување „капка по капка“.

Според МЗШВ, главниот извор на вода е реката Бистрица која ќе овозможи наводнување на околу 300 хектари земјоделско земјиште. Вкупната должина на цевководи во проектот која изнесува 25,716 метри. 

- Со реализацијата на овој систем за наводнување, 120 семејства кои одгледуваат различни земјоделски култури ќе добијат модерен систем за наводнување капка по капка, кој е високоеколошки бидејќи водата се користи рационално. Нема загуби на вода, а растенијата имаат континиурана стабилна влажност што директно влијае на зголемени приноси, а со тоа и зголемен профит. А тоа е главната цел на секој земјоделец, да не се грижи дали ќе има вода за наводнување и да добие повисоки приноси за она во кое се вложува и работи целото семејство - изјави министерот Николовски.

Во рамки на кампањата „Поддршка за секој земјоделец“ министерот Николовски заедно со заменик – министерот Абдулшуќур Абедини, државниот секретар Реџаиљ Исмаили и директорот на Управата за водостопанство Исни Јакупи, денеска го посети полошкиот регион. Теренската агенда почна во Општина Теарце, каде се изврши увид во градежните активности на новиот мал и современ систем за наводнување. 

Посетата продолжи во селото Нереште, Општина Јегуновце, каде министерот оствари средба со пчеларите Шпетим и Реџеп Селмани. Тие се сериозни пчелари со над 150 сандаци за пчели и 450 килограми производство на мед годишно. Министерот ги информираше за сите мерки кои ги превзема министерството во насока на развој на оваа сточарска гранка. Преку Програмата за директни плаќања околу 3 милиони евра годишно одвојуваме за пчеларите. Преку ИПАРД Програмата и мерката 7 за диверзификација на фармите и развој на бизниси им помагаме на пчеларите со минимална инвестиција од 1 500 евра.

Во селото Јанчиште – општина Јегуновце, министерот Николовски се сретна со двајцата млади иноватори Филип Костадиноски и Горјан Спировски кои креирале платформата за анализа на почва. Нивната платформа е составена од уреди кои се инсталирани на земјоделски површини кои мерат критични параметри на почвата кои се важни во циклусот на одгледувањето на земјоделскитe култури. Врз база на податочната анализа се испраќаат информации преку мобилна апликација за известувања за критични ситуации како што се болести, потреба од наводнување, од ѓубрење и слично.

Како последна локација од денешната теренска агенда, министерот Николовски ја посети земјоделска задруга „Единство“ – Челопек, во Општина Брвеница. Ова е една од најстарите задруги и во нивни рамки функционираат Свињарска фарма „Сувогорска“, фабрика за сточна храна „Нутричел“ и кланица со преработки „Мич Челопечко“.

Претставниците на задругата искажаа поддршка за активностите на министерството. Корисници се на многу мерки како и на ИПАРД програмата.

Теренската кампања „Поддршка за секој земјоделец“ ќе продолжи и понатаму со директни средби со земјоделци од сите региони во државава.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.