Програма за едукација и превенција на очни компликации од дијабетесот
Систина Офталмологија во партнерство со дијабетичарите во борбата за видот
Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2023 13:09
„Во нашиот фокус се и остануваат пациентите . Преку едукативни активности и превентивни методи , сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес“, изјави Златко Арнаудовски.
Систина Офталмологија, во партнерство со Сојузот на Здруженија на дијабетичари, ќе развие програма за едукација и превенција на очни болести кај пациентите, кои имаат дијабетес. Првата очна болница во Македонија, за потребите на проектот, на располагање ја става комплетната медицинска експертиза, со цел да се подобри лекувањето и да се зголемат позитивните искуства, на пациентите со дијабетес.
„Нашата болница, преку трајни партнерства, создава вредности за сите во општеството. Такво партнерство, сега развивме со Сојузот на Здруженија на дијабетичари, со кои што потпишавме меморандум за соработка. Во нашиот фокус се и остануваат пациентите. Преку едукативни активности и превентивни методи, сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес. Во спротивно, може да дојде до сериозни медицински компликации, предизвикани од болеста“, изјави медицинскиот директор на Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски.

„Систина Офталмологија“ е единствена очна болница со 4 дијагностички центри во Скопје, Битола, Гостивар, Тетово и Штип. Дијагностички и хируршки, повеќе од 12 години, им излегува во пресрет на сите пациенти, на кои што им е потребна офталмолошка грижа.
Заедно со хрватскиот партнер „Свејтлост“, имаат повеќе од педесет врвни офталмолози, 140 илјади успешни интервенции и 400 илјади задоволни пациенти.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




