17 Мај, 2024
0.0269

Сите други банки во земјава имаат многу повисоко ниво на адекватност на капиталот од законски пропишаното

Објавено во: Финансии 17 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Одземањето на дозволата на Еуростандард банка го отвори и прашањето за тоа колку се здрави другите банки во земјава.

Како едно од клучните мерила се смета стапката на адекватноста на капиталот.

Во земјава стапката на адекватност на капиталот кај една банка не смее да биде пониска од 8 отсто. Тоа е одредено согласно со член 65 од Законот за банки. Согласно овој закон, секоја банка е должна да одржува стапка на адекватноста на капиталот која не може да биде пониска од 8 отсто.

Од Народна банка на Македонија, кога пред јавноста ја обзнанија одлуката за одземање на дозволата на Еуростандард банка, соопштија дека со оглед на големината на оваа банка, нејзиното затворање воопшто не ја доведува во прашање стабилноста на банкарскиот систем на земјава во целина. 

Потврда за ова, според монетарните власти, се податоците за банкарскиот систем со состојба на 30 јуни оваа година: 

А тоа е дека стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем забележала и натамошен раст и е во рамки на историскиот максимум, односно 17 отсто, што е повеќе од двојно повисока од законскиот минимум. 

„Ако се изземе Еуростандард банка, адекватноста на капиталот на системот се зголемува и изнесува 17,2 отсто. Кај сите други банки, стапката на адекватност на капиталот е во распон од околу 14 отсто до 22 отсто, односно кај најголем дел е двојно повисока од минималното законско барање, што е од клучно значење за стабилноста на одделните банки и банкарскиот систем во целина“, велат од централната банка. 

Нешто повеќе од половина од капиталот на банките, додаваат монетарните власти, претставува вишок над законскиот минимум, што е исклучително значајно за заштита на системот од шокови, каков што е пандемијата на ковид-19. 

„Нивната намена е токму таа – градење на капацитети во ‚мирни времиња' за подобра подготвеност за справување со предизвици во кризни периоди“, нагласија од НБМ.

Оттаму додаоа и дека квалитетот на сопствените средства на банкарскиот систем е исклучително висок, и доминантен дел од нив од околу 90 отсто се состојат од редовниот основен капитал, како најквалитетен слој од сопствените средства на банкарскиот систем.

А за тоа колкава стапка на адекватност на капиталот има секоја банка поединечно, во продолжение следат податоци, кои ги објави порталот Банкарство.

Капитал банка има адекватност на капиталот од 23,17 отсто, што е согласно со финансискиот извештај заклучно со минатата година. 

Стопанска банка Битола има стапка на адекватност од 18,9 отсто, исто така според финансискиот извештај заклучно со крајот на минатата година. 

Комерцијална банка, пак, согласно финансискиот извештај заклучно со првото полугодие од оваа година, има стапка на адекватност на капиталот од 17,62 проценти. 

Халкбанк е веднаш зад неа, со стапка на адекватност од 17,45 отсто, исто такла според финансискиот извештај од 30 јуни годинава. 

ТТК Банка, пак, исто така има одлична стапка на капиталот, од 16,93 отсто, согласно со финансискиот извештај со крајот на минатата година.

Слична стапка има и Силк Роуд Банка, или поточно 16,83 отсто, согласно со извештај од крајот на минатата година. 

НЛБ Банка има стапка на адекватност на капиталот од 16,7 отсто, според финансиски извештај од 31.12.2018 година.

Шпаркасе Банка Македонија има стапка на адекватност од 16,5 отсто, според финансиски извештај од крајот на минатата година. 

Стопанска банка Скопје, пак, на крајот на минатата година има стапка на адекватност од 16,3 отсто, според финансиски извештај од 31.12 лани.

Охридска банка, пак, има адекватност од 16,12 отсто, според финансиски извештај од 30 јуни 2020 година.

Централна кооперативна банка има 16,03 отсто, согласно финансиски извештај од 31.12.2018 година.

УНИБанка има 14,46 отсто адекватност, а ПроКредит Банка има 13,74 отсто. 

Еуростандард банка, пак, имала 5,55 отсто стапка, финансиски извештај од 30.06.2020 година. 

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!