01 Јуни, 2023
0.0293

СИТЕ ДВА РЕНТГЕН АПАРАТИ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР НЕ РАБОТАТ ДЕСЕТТИНА ДЕНА: Пациентите „трчаат“ да се снимат приватно или во Градска болница

Објавено во: Македонија 17 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Повеќе од десеттина дена рентегн апаратот на Институтот за радиологија не работи. Извори од Институтот за Фактор велат дека апаратот се сервисира, а за тоа време пациентите ги препраќаат или во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна градска болница) или во ГОБ „8 Септември“. Но, многумина од нив снимки прават и во приватните здравствени институции.

„Се расипа, на сервисирање е веќе 10 дена. Огромен број на пациенти има на кои им е потребно рентгенско снимање и сите се тука. Од цел Клинички центар ваквата дијагностика се прави тука, на Институтот за радиологија. Пред извесен период рентег апаратот на работеше во градска болница, па и тие пациенти беа препраќани кај нас. Не се знае колку пациенти изминаа на тој апарат. Нормално е да се расипе. Сега ние мора да ги препраќаме пациентите во другите установи каде што се прави рентегн снимање. Трагично е што во клиничкиов центар не работи ниту апаратот на Хируршките клиники, па мора да одат или во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (поранешна градска болница) или во ГОБ „8 Септември“, велат извори на Фактор од Институтот за Радиологија.

Што се однесува пак до пациентите со кои разговараше Фактор, едни велат дека рентген снимањето го направиле во некоја од приватните здравствени институции, додека други, кои не можат да си дозволат, изгубиле најмалку уште 3-4 часа од денот или отишле следниот ден во поранешната градска болница или во ГОБ „8 Септември“.

-Бев на преглед на една од клиниките по што ми беа наложени низа иследувања. Едно од нив беше и снимање на белите дробови. Од таа клиника се упатив на Институтот за радиологија, каде ми соопштија дека апаратот не работи. Оттаму отидов на Хируршките клиники, но и таму апаратот не работи. Вработената на шалтерот едноставно ми рече; „за жал уште не работи, одете во ГОБ „8 Септември“. Сепак одлучив да си го скратам времето, да добијам резултат веднаш, заради што отидов во една приватна здравствена институција. Јас за среќа можам да си дозволам да го направам тоа, но се прашувам што прават луѓето чиј буџет тоа не им дозволува. Но, уште пострашно е, што прават оние најитни пациенти кои доаѓаат во клиничкиот центар, и на кои им е потребна снимката веднаш. Има милион ситуации кога се носта итни пациенти, сообраќајќи, дете играјќи паднало, скршило рака, нога, милион ситуации...Не може да знае тој што го носи пациентот во болница дека апаратот не работи. Единствено ако некои доаѓаат со возилата на Брза помош, па тие да се информирани дека треба да ги носат на друго место, вели 55-годишниот пациент од Скопје.

Голем дел од лекарите пак, на кои им се потребни низа резултати од разни иследувања меѓу кои и вакви дијагностички методи сметаат дека секоја клиника треба да располага со сето тоа.

-За жал не е така. Пациентите ги препраќаме на институтите за разни дијагностики. Излегуваат од една клиника, влегуваат во друга. Трчаат под дожд, по снег, по сонце на 40 степени...Некои може да одат сами, но некои ги буткаат со колички, во болнички кревети, ги носат на раце...Навистина многу тешка и мачна слика е тоа. Дали некогаш ќе се најде решение, не знам..., вели за Фактор докторка од една од клиниките.

Инаку, Институтот за Радиологија беше во фокусот на вниманието на крајот на јуни откако огромен број пациенти се пожалија дека и по неколку месеци нема кој да им ги прочита резултатите од направените компјутерска томографија или магнетна резонанца.

Анита Буховски

ФОТО: Фактор

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип

Османи го нарече Макрон премиер на Франција

Османи го нарече Макрон премиер на Франција

Ковачевски се изгушка со Зеленски во Молдавија

Ковачевски се изгушка со Зеленски во Молдавија