СИТЕ МЛАДИ КОИ ПОЧИНАА ОД КОВИД СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ: Апелот е насочен за граѓаните над 18 години да се вакцинираат
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2021 11:09
Министерот за
здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција посочи дека состојбата со
корона вирусот во Македонија спласнува, но ситуацијата е се уште сериозна
заради што апелираше да се вакцинираат што повеќе млади луѓе. Вели дека
најголем индикатор за тоа каква епидемиолошка состојба имаме се амбулантските
прегледи.
-На Клиниката за инфктивни болести, сега има околу 120 прегледи дневно, намален е и притисокот во болниците. Во Тетово во моментов болнички се лекуваат 90 пациенти, за разлика од претходниот период кога имаше и 120 хоспитализирани. Најголем број од хоспитализираните пациенти кои се вакцинирани имаат примено само една доза. Освен тоа, сите млади кои ни починаа во изминатиов месец поради компликации од ковид-19 се невакцинирани, посочи министерот Филипче.
Истовремено, Филипче нагласи дека вакцините на Фајзер се препорачани и за децата од 12 до 18 години, но сега главно апелот е насочен за граѓаните над 18 години.
-Сакаме опфатот во оваа возрасна група сериозно да го зголемиме.Токму помладите се оние кои многу повеќе се социјализираат, но тие се и медијаторот и го шират вирусот. Затоа во четврток ќе биде отворен и пункт за вакцинациоја во рамки на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, рече Филипче.
Инаку, иако се уште се прават анализите, ќе има препорака за сите граѓани за примање на трета доза, односно бустер откако ќе поминат шест месеци по целосна вакцинација, а веќе е потврдено дека трета доза примаат граѓаните ќии имунолошки систем е компромитиран, ккао и оние кои имале трансплантации на органи.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




