18 Декември, 2025
0.0413

Сите можеме да се бориме против климатските промени, потребни се промени на животните навики

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2021 07:28

Добивај вести на Viber

Секој поединец може да придонесе во борбата против климатските промени и ублажувањето на нивните штетни ефекти.

Метеорологот и експерт по климатологија, д-р Пеце Ристевски објаснува дека треба да се фокусираме на јавниот транспорт, да корисиме јавен превоз, да одиме пеш или да практикуваме да возиме велосипед. Доколку сме принудени да патуваме со автомобил, да биде искористен капацитетот, и да се избегнува во едно возило да се вози само еден човек. Дополнително, доколку имаме современ и модерен јавен превоз, тоа би було плус за општеството. Ристевски вели дека целта е да се намали емисијата на јаглерод диоксид и други штетни гасови во воздухот. Тој советува во домот рационално да се користат ресурсите, вклучително и електричната енергија, односно да бидат исклучени уредите кои не ги користиме.

„Треба постојано да се врши пошумување на оголените терени, но и да се спречи појава на пожари на отворено при топлотни бранови, а доколку има такви пожари, треба да постои спремност за нивно гаснење. Начинот на загревање на домовите треба да се смени, со тоа што наместо огревно дрво, ќе преминеме на парно греење. Важно е градовите да се гасифицираат, и гасот да стигне до домовите“, вели Ристевски.

Тој наведува дека и државите треба да преземат мерки со тоа што ќе го користат хидро потенцијалот, сонцето и ветерот за добивање на енергија.

„Кога ќе се градат нови згради и објекти, тие треба да бидат енергетски ефикасни, со цел да не се губи енергијата“, рече климатологот.

Тој додава дека дури и за развиените земји, климатските промени се голем предизвик, а европските држави зависат од рускиот гас. Поединецот може да даде свој придонес во заштита  на околината, но клучно е и државите да се борат со климатските промени. Инаку, климатските промени водат кон екстремно високи температури, чести природни непогоди, поплави, пожари.

Сања Атанасовска

фото freepik.com

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје