05 Декември, 2025
0.0742

Сите објекти што работат со храна мора да се пререгистрираат до Нова Година

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2012 10:23

Добивај вести на Viber

31 декември е крајнот рок до кога операторите со храна, согласно Законот за безбедност на храната, треба да се регистрираат во Агенцијата за храна и ветеринарство, обврската која важи и за операторите со храна кои претходно биле евидентирани во поранешната Дирекција за храна, стои во соопштението на Агенцијата. Претходно беше даден преоден рок од две години за регистрацијата на фирмите што работат со храна. Операторот со храна е должен до крајот на годинава да ја информира Агенцијата за секој објект во кој врши  која било  фаза од производство, преработка и дистрибуција на храна и согласно член 49 став 3 од Законот и да поднесе барање за регистрација. Тоа ќе значи дека тие го усогласиле своето работење со одредбите од Законот кој налага во промет да се стави храна која е подготвена или се продава исклучиво во објекти кои се одобрени и регистрирани од Агенцијата за храна и ветеринарство и каде инспекциските служби вршат редовни контроли во сите фази на производството, преработката и дистрибуцијата на храна. Казните за непочитување на обврската за регистрација на операторите се 500 евра во денарска противвредност за физичките лица и 2 илјади евра за компаниите. Казна од 5 илјади евра е предвидена за правните лица кои ставаат во промет храна која е подготвена во објекти кои не ги исполнуваат хигиенските услови и кои не се регистрирани како оператори со храна во Агенцијата

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје