СИТЕ ОД ГРУПАТА ОДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА: Дете кое одело во градинка е заразено со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 15 Септември, 2020
Во Македонија позитивно на коронавирусот е дете од една година кое одело во градинка.
15-месечното дете престојувало во градинка само еден час на 9 септември.
Потоа родителите не го донеле, а вчера ја информирале градинката дека целото семејството и детето е заразено.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека будно ја следат состојбата.
Ставени се во изолација сите во групата во којашто било сместено детето како и воспитувачот и негувателот.
„Не ни е целта кој било да го доведеме во опасност, неговото здравје да биде ставено во ризик. Будно ја следиме состојбата. Нашата цел е навремено да реагираме со вклучување на сите чинители кои го чинат тој синџир на носители на одлуки, на учесници во спроведувањето на тие одлуки или корисници на тие одлуки“, изјави министерката Шахпаска.
Откако се отворија градинките, имаше три случаи на заразени во три града во три градинки. Се работеше за вработени.Денес Министерството за здравство информираше за 9 починати, меѓу кои има и млади луѓе.
Бројката на заразени варира од ден во ден, но пандемијата не стивнува.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.