17 Декември, 2025
0.0371

Сите потписници на Дејтонскиот договор умреа: Мртва ли е и спогодбата од Дејтон?

Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2014 08:35

Добивај вести на Viber

Сите тројца потписниците на Дејтонскиот договор Милошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ се мртви, а оригиналниот документ е изгубен. Умре и поранешниот меѓународен претставник за Балканот и креаторот на Дејтонскиот договор , американскиот дипломат Ричард Холбрук. Политичарите во БиХ продолжуваат да дебатираат за негова ревизија. Договорот, беше парафиран во воената база Рајт- Петерсон во САД по три недели преговори меѓу лидерите на Босна и Херцеговина , Хрватска и Сојузна Република Југославија, со посредство на САД. Босна беше поделена на два ентитета - Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска . Договорот беше парафиран во Дејтон, во присуство на тогашниот државен секретар Ворен Кристофер. Потписниците се обврзаа да ги регулираат меѓусебните односи во согласност со Повелбата на ОН, Хелсиншкиот Завршен Акт и други документи на ОБСЕ, со заемно почитување на суверенитетот и решавање на несогласувања исклучиво на мирен начин. Собранието на Сојузна Република Југославија, на 13 ноември 2002 година го ратификуваше Дејтонскиот договор, во кој СРЈ јасно изјави дека не постојат територијални претензии кон. Последен пат претставниците на државите членки и меѓународните посредници се собраа во воздухопловната база Рајт- Петерсон база во ноември 2000 година, но на прославата на јубилејот не присуствуваше ниту една партија. Што донесе договорот? Со Договорот БиХ стана самостојна држава составена од два главно автономни ентитети -- муслиманско-хрватска федерација, наречена Федерација БиХ и една малку помала мини држава на Босанските Срби, наречена Република Српска. Во него, исто така, беа одредени меѓународните, како и границите меѓу ентитетите. Уставот на БиХ беше вклучен во ДМД, како Анекс 4. ДМД ги обврза БиХ, Хрватска и она што беше останато од ФРЈ целосно меѓу себе да го почитуваат суверенитетот, како и да ги решаваат споровите на мирен начин. Со потпишувањето на Договорот, спротивставените страни, исто така, се обврзаа да ги почитуваат човековите права и правата на бегалците и раселените лица. Исто така, се согласија целосно да соработуваат со сите релевантни ентитети и организации во имплементирањето на мировниот договор, како и да поведат истрага за извршените воени злосторства и останатите прекршувања на меѓународниот хуманитарен закон. Еден ден по официјалното потпишување на ДМД во Париз, Советот за безбедност на ОН ја објави Резолуцијата 1031, со која му додели мандат на НАТО да ги спроведува воените одредби од договорот. На 20-ти декември 1995-та година, во БиХ беа ангажирани мултинационални воени сили предводени од НАТО, составени од 60000 војници, како дел од најголемата воена операција на Алијансата, наречена Операција на здружени сили. ИФОР, на кои им беше доделен мандат од една година, во декември 1996-та година беа заменети од страна на Силите за стабилизација (СФОР). На почетокот броејќи околу 32000 војници, бројот на СФОР со тек на време беше намален на 7000 трупи до почетокот на декември 2004-та година, кога мисијата за имплементирање на воените одредби од договорот премина во ЕУФОР, сили предводени од ЕУ. Ќе успее ли договорот да ја одржи Босна и Херцеговина? Дејтонскиот договор успеа во постигнувањето на својата непосредна цел, односно да стави крај на крвопролевањето во БиХ и повторно да воспостави мир. Меѓутоа, со тоа беше воспоставена и најсложената владина структура во светот -- за која многумина во БиХ, како и надвор од неа, сметаат дека нема да опстои подолгорочно. Со слаби централни институции, постојана поделба помеѓу трите ентитети, зависност од меѓународната управа, земјата сеуште неможе да се опише како држава која функционира.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата