23 Ноември, 2024
0.0269

Сите придонеси на едно место - државата формира нова институција

Објавено во: Економија 20 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика ќе предложи нов Закон за регистар на задолжително социјално осигурување, каде што на едно место ќе се води евиденција за сите придонеси - придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, придонесот за здравствено осигурување и придонесот за осигурување во случај на невработеност.

За две години откако ќе се донесе законот ќе почне со работа Управата за водење на регистарот на задолжително социјално осигурување и ќе ја врши досегашната работа на пензискиот и здравствениот фонд, како и на Агенцијата за вработување и на министерствата за здравство и на труд и социјална политика.

Владата ќе именува директор и ќе се вработат административни службеници, а главно ќе се работи електронски преку еден централен информациски систем. Службениците ќе ја одржуваат базата на податоци, ќе се работи со пријави и одјави, евиденција и идентификација на осигуреници, ќе се врши обработка на наплатени придонеси, како и други задолженија.

 „Целта на законот опфаќа воспоставување на  единствен регистарски систем на управување и евиденција на сите податоци поврзани со системот на задолжително социјалното осигурување која ќе придонесе за ефикасно остварување на правата и обврските кои произлегуваат од таквото осигурување“, се вели во предлог-законот кој е објавен во базата на националниот регистар на прописи.

Со воспоставување единствен регистар на осигуреници, податоците треба да бидат единствени и точни и ќе бидат користени од сите институции вклучени во интегрирана наплата на придонесот, така што треба да бидат надминати сите ризици за регистрација и распределба.

Тука ќе се евидентираат сите осигуреници и обврзници, ќе се мери и стаж со единствен регистарски број за секого. Управата ќе се финансира од буџетот, но и од сопствените приходи од надоместоци од издавање потврди и годишни наплати од сметководствените канцеларии. Ќе се наплаќаат и казни, а меѓу нив ќе има и глоби во износ од 200 до 400 евра за физичките лица и фирмите ако не се придржуваат до навременото пријавување.

Минатиот месец на тапет беше ставен Фондот за пензиско и инавлидско осигурување во извештајот кај Државниот ревизор, кој утврди дека поради отсуство на целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените и поради тоа што внатрешните контроли не секогаш го покриваат ризикот од комплетност на документацијата во електронското пензиско досие, постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од пензиското и инвалидско осигурување.

Ревизорот препорачува да се обезбеди комплетност на документацијата во електронските пензиски досиеја за остварување на правата од ПИО и усвојување на изработените процедури и нивна примена во тековното работење на сите филијали на Фондот.  Ревизијата утврдила и дека слабостите во чувањето и архивирањето на податоците во матичната евиденција го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување. 

Поради недобиени соодветни податоци за вработување и регистрација на обврзниците, како и грешки при внесот од страна на други институции, на уплатната сметка наменета за прибирање средства од наплатен придонес за пензиско осигурување има нераспоредени средства кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата. 

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria