СИТЕ СЕ ЕФИКАСНИ, НО ЕДНА ШТИТИ НАЈМНОГУ ОД ДЕЛТА СОЈОТ: Што откриваат научниците за вакцините?
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2021 10:40
Вакцината Фајзер/БиоНТек
е ефикасна 70 проценти против Делта сојот на корона вирусот, покажа најновото
истражување спроведено во Израел.
Резултатите од студијата на хебрејскиот универзитет Западен Ал Кудс (Ерусалим) за ефикасноста на вакцината ги објави израелската јавна радиодифузна корпорација (КАН), а новото откритие се споредува со 95 проценти од ефективноста на вакцината против поранешните видови на вирусот.
Делта варијантата, прва откриена во Индија, е одговорна за повеќе од 90 проценти од новите случаи на КОВИД-19 во Израел во изминатите две недели.
Што се однесува пак до вакцината на АстраЗенека, истражување направија научниците во САД, каде дури 40% од новите случаи се со делта вараијантата. Добрата вест и оттаму е дека вакцините се доста ефикасни против оваа варијанта.
„Изгледа дека сите вакцини работат против варијантата делта“, вели Моника Ганди, експерт за инфективни болести на Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско. Ганди вели дека дури и меѓу ретките случаи кога вакцинираните лица се здобиваат со делта, симптомите се типично слаби.
„Вакцинираните луѓе не треба да се грижат за варијантата делта“, вели таа.
Од вакцината на АстраЗенека која била вклучена во најновото истражување, како што појаснува проф. Ганди потребни се две дози за да се добие максимална заштита од 92% на ефикасност против делта.
Според развивачите на руската вакцина, Спутник V 90% ефикасна против многу заразната варијанта на коронавирус Делта, соопштија нејзините развивачи во вторникот.
Истражувачите претходно соопштија дека Спутник V е скоро 92% e ефикасна против оригиналниот вид на корона вирусот.
Денис Логунов, заменик директор на московскиот институт Гамалеја, кој го разви Спутник V, рече дека бројката за ефикасност на варијантата Делта е пресметана врз основа на дигиталните медицински записи за вакцини, објави новинската агенција РИА.
Нема податоци за ефикасноста на кинеските вакцини Синовак и Синофарм на варијантата Делта, иако научниците сугерираат дека сите вакцини штитат од соевите на корона вирусот, и да дојде до зараза, како што велат, клиничката слика на пациентите е со полесни симптоми, не дозволуваат ниту хоспитализации, ниту пак доведуваат до смрт.
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата
Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет




