СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА ТРЕБА ДА ЈА ЗНААТ ОВАА ИНФОРМАЦИЈА : Поскапени се патарините, за некои ќе треба да се плати плус три евра од досегашниот износ
Објавено во: Финансии, Балкан 08 Февруари, 2024 06:20
Во пресметката на трошоците за следниот одмор, доколку летувате во Грција, треба да го вклучите и поскапувањето на патарините.
Во просек изнесува нешто повеќе од 7,5 отсто, што би значело дека на грчките патарини ќе треба да платите и до три евра повеќе од претходната година. Надлежните најавуваат дека позабележителен скок на цените ќе има следната и следната година.
Цената зависи, се разбира, од делот во кој патувате. Така од Солун до Атина наместо 31,35 евра се плаќа 33,75 евра, додека од Атина до Патра сегашната цена е 12,7 евра, а била 11,8. Оние кои ќе ја користат комплетната релација Каламата - Атина ќе платат 15 евра, што е зголемување за 1,05 евра, а од Атина до Јанина наместо 38,25, колку што чинеше во 2023 година, мора да подготват 51,15 евра.
Станува збор за суми кои покриваат целосни делници, а туристите кои имаат намера да летуваат на Халкидики или Тасос, секако, ќе плаќаат значително помалку, па поскапувањето нема значително да се одрази на нивниот буџет.
Она што е интересно е иницијативата на Здружението на хотелиери на Грција, кои бараат од грчката влада да воведе мерки за намалување на метежот на границата и туристите да можат побрзо да стигнат до своите дестинации. Тие предлагаат да се изградат капацитети и да се прошират граничните премини, а во текот на сезоната да се вработат повеќе кадри и работна сила да се направи сè да оди многу побрзо.
Можеби ќе ве интересира
ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра




