19 Декември, 2025
0.0512

СИТЕ СМЕ ТЕШКО ПОГОДЕНИ ОД СМРТТА НА МЛАДИТЕ ПАЦИЕНТИ: 38-годишниот немал никакви претходни заболувања, детално од Клиничка болница Штип за Фактор

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2021 11:07

Добивај вести на Viber

Во Клиничката болница-Штип, односно во тамошниот ковид-центар починаа двајца млади пациенти. 35-годишниот е од Берово, а 38-годишниот е од Штип, соопштија за Фактор, портпаролката Марина Шуманска, како и лекарите од Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. Велат дека сите во болницата се многу тешко погодени од смртта на младите пациенти и дека направиле максимални напори да им ги спасат животите.

-35-годишниот пациент од Берово е целосно вакциниран уште во август со Синовак. Кај нас е примен на 4.ноември, а позитивен на вирусот е од 1.ноември. Донесен е во исклучитлно тешка состојба, со многу отежнато дишење, односно со многу ниска сатурација. Пациентот беше со даунов синдром и имаше прекумерна тежина, обезитас, што го става во категоријата ранливи  пациенти. Другиот млад човек кој не се извори со болеста е нашиот 38-годишниот сограѓанин, кој немаше претходни коморбидитети и кој исто така беше целосно вакциниран од август со Синовак. Примен е на 28.октомври, и неговата состојба се подобруваше, но за жал вчера оддеднаш настанаа компликации, пациентот направи пулмонална тромбемболија, велат за Фактор од Инфективното одделение во Клиничката болница-Штип.

Инаку, во моментов таму од ковид се лекуваат 54 пациенти, од кои 48 се на кислородна поддршка, како и 9 пациенти кои се сместени на Кожното одделедние.

-Во Штипскиот Ковид-центар има уште неколку болнички кревети, а само во текот на вчерашниот ден се направени 24 амбулантски прегледи. Апелираме на помасовна вакцинација, бидејќи само така нема да остане простор за вирусот да се шири и понатаму и да прави уште поагресивни мутации, соопшти Шуманска за Фактор.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот