СЈО е искрата која ја разгорува љубовта меѓу Груевски и Ахмети
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2017 13:25
Мандатарот Никола Груевски ги ситни 20-те дена кои му ги додели претседателот Ѓорѓе Иванов за состав на нова влада. Но, наместо да се зголемуваат шансите дека старите партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, одново ќе ја обноват „врската“, се повеќе се навестува дека коалицијата нема повторно да се обедини во власта, туку се подготвува за нови избори.
Ахмети верен до гроб
Оваа можност ја навести претседателот на ДУИ, Али Ахмети, којрече дека сите опции се отворени, па дури и одење во опозиција или нови избори, но одлуката за тоа мора да се разгледа 99 пати, па дури потоа да се пресече. Тој вели дека засега останува на принципот на коалицирање на партиите победници во своите етникуми.
„Треба да се разбере дека и на ВМРО-ДПМНЕ не му било лесно да коалицира со ДУИ во 2008 година имајќи во предвид дека само неколку години претходно тие беа „терористи“. Преговори со победничка партија се логичен след, имајќи предвид дека коалиција со СДСМ не би произведувала сигурност во државата, иако освоила 49 пратеници. Кој би ја гарантирал безбедноста во државата кога партија која не е победник на изборите би формирала влада. ВМРО-ДПМНЕ е политичка сила која има поголем капацитет од СДСМ, и има речиси 100% македонски гласачи“, рече Ахмети во интервју за телевизијата ТВ21.
Според аналитичарите, одолговлекување на кризата и нови избори најмногу и одговара на ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ е алатката во нивни раце која тоа може да го издејствува. Причината е едноставна. Се додека не се состави влада и политичката криза станува подлабока, продолжувањето на мандатот на Специјалното обвинителство е неизвесно.
Груевски и ги брои деновите на Катица Јанева
Такво сценарио најави лично лидерот на ВМРО –ДПМНЕ во едно од последните интервјуа, кој рече дека „од авион се гледа дека СЈО работи под сугестија на некои амбасади и очигледно е дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија“.
„Сето ова го кажувам за да објаснам дека нема правни или суштински потреби за продолжување на тие 18 месеци на СЈО, туку има политички потреби на надворешни фактори заради остварување некои други нивни цели и интереси. Идејата за пролонгирање на 18-те месеци не потекнува од СЈО. Тоа го знам, не го претпоставувам. Од овие причини ние донесовме одлука дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи за продолжување на рокот на СЈО и тоа неколкупати го објавивме. Ниту, пак, оние две други барања поврзани со Законот за заштитните сведоци и со судско одделение за предметите на СЈО“, изјави Груевски.
Мандатарот уште вели дека нема да прави коалиција по секоја цена, а Ахмети дека без прифаќање на платформата на трите партии на Албанците во Македонија, подобро е да има нови избори оти тешко дека е можно да се формира влада.
Мандатот на СЈО неизвесен
Ако се оди на варијантата на нови избори, најголем губитник би можело да биде Специјалното јавно обвинителство, чиј мандат за отворање на нови случаи и обвиненија истекува во јуни годинава.
Аналитичарите во оваа романса меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како нова искра која ја разгорува љубовта гледаат единствено во СЈО. Според нив тоа е игра за да се оневозможи работата на Катица Јанева, бидејќи целиот партиски врв на чело со Груевски се или осомничени или обвинети за криминал тежок милиони евра. Дури и документот од Тирана, кој на почеток наликуваше како обид за разгорување на меѓуетничките тензии, по второто читање повеќе личи како да е изготвен во координација со Груевски, бидејќи и таму недостасуваат клучните работи како продолжување на мандатот на СЈО или пак основање на Специјално судско одделение.
Груевски има рок од 20 дена за да состави нова влада. Доколку не успее, мора да го вратат мандатот кај претседателот Иванов, по што тој ќе го додели на Зоран Заев и СДСМ за даформираат парламентарно мнозинство. Ако не успее и вториот обид, тогаш ќе се организираат повторно избори.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




