СЈО ќе бара притвор за „Тој со Ибицата“ - Кој местел тендери во „Труст“
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2017 13:50
Сеад Кочан, сопственикот на фирмата „Трансмет“ е првоосомничен во најновиот случај „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство и го презентираше денеска на прес-конференција.
Второ и трето осомничени се директорот на „Силекс неметали“, Василије Авировиќ и управителот на фирмата „ВАТО“ од Скопје, Сафет Ватиќ.
Осомничените се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три компании на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“.
Се работи за тендер кој бил распишан на 7 октомври 2011 година, а биле наведени неколку услови кои фирмите што сакале да аплицираат за зделката требало да ги исполнуваат.
Осомничениот Кочан како доказ за поседување на градежна механизација, кој бил еден од условите за учество во тендерската постапка, доставил лажни документи дека поседува повеќе градежни машини. Доставени биле невистинити договори за наводна купопродажба и фактури дека ја набавил механизација.
Обвинителката Ленче Ристоска информираше дека СЈО денеска ќе побара мерка притвор за две од осомничените лица.

СЛУЧАЈОТ СЕ СПОМНУВАШЕ ВО „БОМБИТЕ“ ОБЈАВЕНИ ОД ЗАЕВ
Во објавениот разговор меѓу екс премиерот, Никола Груевски и поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски се спомнуваат директорите на повеќе градежни компании меѓу кои беа и „Трансмет“ и „Силекс“.
Во шифри, со асоцијации или по име, се спомнуваат директорите на градежните компании кои биле главни учесници на тендерите на државната компанија ЕЛЕМ. Овие компании, всушност, ги добиле јавните набавки на ЕЛЕМ во 2012 година.
Компанија „Трансмет“ во 2012 година со државната ЕЛЕМ потпишала договор за ископ на јаглен и јаловина од свлечиштето на Микролокација 3 во Рудник „Суводол“, со дотур на дробен јаглен на транспортерот. Договорот е на износ од 19,2 милиони евра и со траење од 36 месеци. ЕЛЕМ на овој тендер добил 6 понуди, а договорот го склучил со „Трансмет“.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
БИЗНИС ФАЦИ 2015 Седат Кочан: Градежник со амбиција за влез во медиумскиот бизнис!
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




