СЈО најави нов прес за во четврток, кој е на ред?
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2016
Специјалното јавно обвинителство за во четврток, 20 октомври, закажа нова прес-конференција во 11 часот каде ќе презентира сознанија за две нови истраги.
Последната истрага која ја промовираше СЈО, беше на 28. септември каде се отвори случајот со работно име „Трезор“. Во него се сомничат тројца функционери во УБК и еден од МВР, кои преку низа договори и анекси за набавка на опрема за шпионирање и нејзино одржување го оштетиле државниот буџет за 860.000 евра.