18 Јануари, 2025
0.0277

СЈО: Нема да бидат изземени, и судиите ќе одговараат за кривични дела!

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Не престануваат опструкциите и нападите врз специјалното јавно обвинителство.

Овој пат специјалните јавни обвинителки Судскиот совет ги обвинува за притсок врз судиите, кои пак демантираат дека вршат притисок врз судството.

Претседателот на Судскиот совет, Жарко Караџовски реагира на начинот на постапувањето од страна на СЈО како и на други поединци и групи, организации и институции во општеството за кои вели дека се во спротивност со основните начела и стандарди за независност и непристрасност на судиите кои се воспоставени со националното право, а и со релевантните меѓународни акти.

„СЈО повикало пет судијки. Не може судија да биде гонет за својата судска работа. Недоличното однесување од одредени субјекти кон нас судиите е поткопување на интегритетот на судиите, а во изминатиот период имаше и голем притисок од медиумите кои работеа или се уште работат на одредени судски спорови“, реагира Караџовски.

Запрашана за коментар специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска на денешната прес конференција рече дека СЈО води истрага против судии, а не врши никаков притисок врз судии.

Таа вели дека и судиите како и граѓаните нема да бидат изземени од кривична одговорност.

„Нормало е кога водите истрага да ги повикате осомничените да направат увид во доказите, а и да дадат своја одбрана. Како и останатите граѓани, така и судиите не се изземени од кривична одговорност, се разбира доколку постои, бидејќи ние го почитуваме начелото на пресумпција на невиност“ посочи Ристовска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година