18 Јануари, 2025
0.0313

СЈО: Со местење на тендери го оштетиле државниот буџет

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Специјалното јавно обвинителство денеска ги објави двете нови истраги,  под името „Топлик“ и „Тендери“  во кои осомничените правеле злоупотреби со јавни набавки и го оштетиле буџетот на Република Македонија.

Во првиот предмет прибавена е имотна корист за едно правно лице. Се работи за продажба на земјиште за „Сончев град“ во Сопиште.

„Во првиот предмет има основано сомнение дека од 3.4.2007 година до 18.2.2013 година во Скопје првоосомничениот како раководно службено лице во Министерството за транспорт и врски и пет други лица како соизвршители ја злоупотребиле службената  положба и иако биле свесни дека може да има штетни последици нанеле штети во износ од 64.206.839 денари или 1.044.000 евра“ – изјави обвинителката Фатиме Фетаи.

Постои основано сомнение дека членовите на новата комисија за јавно наддавање за еден ден од нивното формирање, иако знаеле дека не се исполнети услови за јавно наддавање, постапиле спротивно од законите.

По претходна согласнос од првоосомничениот доставиле објава за јавно наддавање во весниците.

На 14.5.2007 година е направено јавното наддавање и составиле информација во која навеле дека се исполнети услови.  Тие дале предлог со избраниот најповолен понудувач да се склучи договор.

Првоосомничениот иако бил свесен дека има недостатоци, на 8.6.2007 година во име на Министерството за транспорт и врски склучил договор со фирмата СанСити од Скопје за оттуѓување на земјиштето.

Потоа договорот е раскинат, затоа што правното лице не можело да го спроведе договорот.

Бидејќи е раскинат по вина на министерството, тоа се обврзало да исплати и затесна камата и одредена сума на компанијата.

Исплатени се камати од 64.206.839 денари или 1.4 милиони евра.

Со овие дејствија осомничените направиле злоупотреба на службена положба и овластување.

За вториот предмет „Тендери“ од прибраниот доказен материјал произнесе дека од  14.6.2011 до 31.12.2013 година, во Скопје, првоосомничената како раководно службено лице во Министерството за култура и уште тројца од комисија за јавни набавки, за правнито лице ГТД Бетон Штип прибавиле корист односно фаворизирање за извршување на градежни работи на објектот Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим.

Пред да се објави оглас за јавна набавка, првоосомничената донела одлука кој да ја добие и заврши работата.

Таа на 14.6.2011 година преку телефон со сведокот генерален директор на Бетон Штип му кажала да продолжат со работа и да ги изведат сите работи,  без да се чекаат 20 дена за нова јавна набавка.

Договориле да предвидат такви услови така што ќе ги исполни само Бетон Штип.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година