20 Мај, 2024
0.0281

СКАНДАЛ: Шилегов објави вознемирувачки фотографии како остатоци од човечки органи необработени се носеле на Дрисла

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов објави скандалозни материјали дека во Дрисла се носел медицински отпад кој не бил соодветно термички обработен. 

„Пред две недели ветив овде дека јас лично и Градот Скопје по преземањето на Дрисла од 20 јануари стоиме позади законитото работење на оваа депонија. Нема да има компромиси за потенцијалните опасности за здравјето на луѓето“, рече Шилегов. 

Според него, Градот Скопје пред 50 дена дошол до сериозни докази за злоупотреба во менаџирањето со отпадот на територијата на градот, за што благовремено биле известени надлежните институции. 

Од Градот ги презентираа вознемирувачките докази со серија видеа и фотографии. 

Велат дека таму можат да се забележат остатоци од човечки органи и исцедок од човечка крв.

„Ова е за жал начинот на кој бил третиран медицинскиот отпад во Скопје, за кој немаме податоци колку долго и често се третирал на ваков начин. Наместо термичка обработка и стерилизација, се случувало медицинскиот отпад да завршува на ваков начин во Дрисла. Преку 50 дена Град Скопје чека преземање дејствија од Јавното обвинителство, но досега немаме било каква информација за преземени дејствија и дали воопшто е официјално почната истрагата. Напротив, од наши сознанија, она што можевме да го видиме, во пракса сторителот се покрива со документација од друга државна надлежна институција“, рече Шилегов.

Нема да дозволат, вели, вакво неодговорно однесување, секој да сноси одговорност за своето неработење.

„Бараме Јавното обвинителство веднаш да започне истрага за овој скандал за здравјето на луѓето, бараме Министерството за животна средина во целост да го испита работењето на сите субјекти кои се под нивна надлежност, особено оние кои имаат дозволи за работа со медицински отпад. Нема да дозволам оваа битка да биде загубена“, рече градоначалникот.

Тој откри дека отпадот го носел лиценциран правен субјект за работа со медицински отпад. Субјектот е регистриран е во Битола, кој поседува лиценца за работа, а се работи за остатоци од медицински отпад од медицинските центри во Битола и Прилеп.

Шилегов вели дека од 20 јануари навака новиот директор на Дрисла има забрана да го прима медицинскиот отпад. 

„Немаме сознанија како овој отпад се третирал во минатото. Несоодветното третирање на медицинскиот отпад може да предизвика епидемија“, рече Шилегов.  

Лиценцираниот обработувач требало соодветно термички да го обработи овој медицински отпад во својот капацитет и така да го однесе во Дрисла.  

Утре ќе носат новинари во посета на Дрисла.

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

„АХМЕТИ СИ ЗНАЕ КАКО ГИ ДОБИЛ МАНДАТИТЕ“: Касами за изјавата на лидерот на ДУИ дека прегласувањето ќе донесе меѓуетнички тензии

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување

Се огласи уапсениот што и се закани на Кацарска: За еден збор го повика личното обезбедување