29 Декември, 2024
0.0289

СКАНДАЛОЗНИ НАОДИ НА РЕВИЗОРИТЕ: Се губи крв од крводарителски акции поради лоши ќеси и поминат рок

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Јавната здравствена установа Институтот за трансфузиона медицина нема правилен систем за документирање и контрола на приемот обработката и издавањето на крвта која е собрана преку крводарителски акции, констатирал Државниот завод за ревизија. Во извештајот за оваа јавна здравствена установа ревизорите утврдиле скандалозни сознанија за начинот на кој се чува даруваната крв. Поради тоа, стои во извештајот, се елиминира значително количество на крв и крвни деривати.

Според изештајот кој е објавен деновиве, на крајот на 2017 година, по основ на крводарителски акции за собирање крв на соодветната позиција во финансискиот извештај на Институтот е искажано салдо од 13,4 милиони денари. Сепак од страна на службите на Институтот не биле доставувани соодветни приемници и испратници при приемот и издавањето на крвта како и во фазата на производството на крвните деривати. Ревизорите велат дека има отсуство на контрола.

Во извештајот стои дека на увид на ревизорите им била дадена анализа на дарувана, произведена, елиминирана и издадаена крв и крвни деривати во рамки на секој регионален центар на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина.

„Согласно на оваа анализа на подрачјето на еден регионален центар утврдено е дека е извршена елмининација на значително количество на крв и крвни деривати во процент кој достигнува и до 263 проценти во однос на вкупно произведените крвни компоненти. Согласно доставените објаснувања се работи за елиминација извршена поради оштетувања на ќесите како и поради изминат рок на траење иако од истата анализа е видливо дека во рамките на останатите регионални центри овие проценти се значително пониски, стои во извештајот.

Ревизорите тврдат дека ова предизвикува значителна финансиска штета во работењето на ЈЗУ ИТМ во услови на високо ниво на неплатени обврски кон добавувачи.

Инаку во извештајот има и низа други заблешки за работата на Институтот. На крајот на 2017 година биле евидентирани побарувања од купувачи вредни околу 385 милиони денари од кои има и такви кои се постари од три години, а за кои не било превеземано ништо за да се наплатат.

Ревизијата утврдила дека вработени оделе на службени патувања во странство без да им се дава „Каса исплати“, ниту пак се изготвувале решенија за службен пат во странство.

„Признаени се и исплатени се трошоци за реализирани службени патувања во странство во висина од 333 илјади денари по основ на издатоци за сместување во хотели со пет ѕвезди, извршена исплата на дневници во износ повисок од предвидениот, како и исплати без да се обезбеди доказ за времето на поаѓање и враќање од патување. Наведеното е во спротивност со одредбите на Уредба за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на државната управа им се признаваат во тековни трошоци, пишува во извештајот.

Во него стои и дека во Институот нема интерен акт во кој ќе се уреди правото на користење на мобилен телефон, ограничувањето на дозволената месечна висина на износот за користење на телефонот.

Ревизорите имале увид во фактури за 11 месеци и во тие бил фактуриран износ од речиси 1,5 милиони денари или 274 илјади денари повеќе од утврдениот месечен паушал, при што ним не им бил презентиран доказ дека за надминувањата се правени задршки од плата.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Почина познатата адвокатка Јагнула Куновска

Почина познатата адвокатка Јагнула Куновска

Десет осомничени за криумчарење луксузни возила, двајца биле службени лица за регистрација

Десет осомничени за криумчарење луксузни возила, двајца биле службени лица за регистрација

Тања Каракамишева дел од тимот на претседателката Силјановска Давкова

Тања Каракамишева дел од тимот на претседателката Силјановска Давкова

Битолчанец крадел во маркет во Прилеп, надвор го чекала полиција

Битолчанец крадел во маркет во Прилеп, надвор го чекала полиција

Приведен син на поранешен функционер од МВР, дал знак за бегство на кланот „Беланоца“

Приведен син на поранешен функционер од МВР, дал знак за бегство на кланот „Беланоца“

Републичкиот обвинител Коцевски: За делото на Васко Ковачевски не би бил определен притвор

Републичкиот обвинител Коцевски: За делото на Васко Ковачевски не би бил определен притвор

Обвинителството во акција против криумчарење луксузни возила, осомничени и службени лица

Обвинителството во акција против криумчарење луксузни возила, осомничени и службени лица

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ