Скокнаа цените на угостителските услуги, но има еден исклучок
Објавено во: Економија, Корона Вирус 06 Јули, 2020
Во јуни поскапеа угостителските услуги.
Исклучок има само кај ноќевањата.
Цените на угостителските услуги минатиот месец се зголемиле за 0,2 отсто во однос на истиот месец лани.
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат зголемување од 0,4 отсто и на индексот на цените на угостителските услуги во периодот јануари-јуни годинава во споредба со истиот период лани.
Зголемување е забележано во групите храна за 0,2 отсто и безалкохолни пијалаци за 1,4 отсто, а во групата ноќевања има намалување за 0,2 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2020 година, во однос на истиот месец лани е зголемен за 0,6 отсто.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2020 година, во однос на истиот период лани е зголемен за 0,4 отсто, а во однос на декември 2019 година пораснал за 0,4 отсто.
Податоците на Државниот завод за статистика,говорат дека индексот на цените на угостителските услуги во мај 2020 година, во споредба со април 2020 година, останале на исто ниво.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.