Скопјанец ја малтретирал сопругата: Ја гризел и бркал во влез
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2023 11:50
Основното јавно обвинителство предложи притвор за скопјанец кој во континуитет психички и физички ја малтретирал сопругата со која се разведува. Последната информација е дека пред два дена ја нападнал пред зградата во која жртвата живее во Кисела Вода во присуство на нивната двегодишна ќерка, по што таа морала да се крие и да бара помош од соседите.
Осомничениот веќе имал судска забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да и се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место кое го посетува жртвата.
Иако и претходно од надлежните институции му било укажано на ваквите забрани, тој не ги почитувал и ги прекршувал, за што оштетената во неколку наврати пријавувала во полиција.
„Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ во Кисела Вода, и најпрво со висок тон се обратил кон оштетената со која се во бракоразводна постапка. Пред нивната заедничка двегодишна ќерка грубо ја навредувал жената, а потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот. На оштетената и нанел видливи повреди и продолжил да и се заканува, одземајќи и го телефонот. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во зградата отспротива додека случајна минувачка не повикала полиција“, опишува Обвинителството.
Од МВР дополнително пристигна информација дека станува збор за Н.М.(25) од Скопје и дека за лицето веќе е определена мерка притвор од страна на судијата.
„Тој се сомничи дека на 03.10.2023 на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 23-годишна сопруга, со која е во бракоразводна постапка. По преземени мерки тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а на 04.10. заедно со пријавата бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор“, информираат од МВР.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




