СКОПЈАНЕЦОТ ЗОРАН НАСТЕСКИ ГО СОВЛАДА ТЕРОРИСТОТ ВО АВИОНОТ КОН ГЛАЗГОВ - видеото брзо се прошири насекаде
Објавено во: Македонија 28 Јули, 2025 14:17
Македонецот Зоран Настески е херојот кој го спречи терористички напад во авион на летот Лутон - Глазгов.
Видеото од соборувањето на терористот во авион кој патувал кон Глазгов кое масовно се споделува на социјалните мрежи ја вознемири јавноста, но и ги запали социјалните мрежи бидејќи беше воочливо дека лицето кое го соборува терористот е од Балканот.
Стигна потврда дека храбриот патник бил скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија.
Настески го соборил на земја патникот - теторист кој на летот на „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“ и се заканувал со бомба во авионот.
Сепак, за среќа, откако бил соборен, патникот бил приведен од шкотската полиција, а бомба во авионот не е пронајдена.
Видеото од соборувањето на терористот - патник го споделија повеќе јутјуб канали како НДТВ, кои го споделија видеото од Настески како соборува на под патник додека вика дека во авионот има бомба и го навредува американскиот претседател Доналд Трамп.
Видеото, Настевски го објави и на својот јутјуб канал.
Настески видеото го сподели и на неговиот Фејсбук профил, а сосема очекувано доби бројни пофалби за храброста и покани од медиуми да го сподели своето искуство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




