„СКОПЈАНИ НЕ ГО ПРИФАЌААТ ИЗВИНУВАЊЕТО НА МИЦКОСКИ“ Филипче гледа вина за ѓубрето во ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2025 19:10
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, истакна дека таа носи визија за поинакво Скопје, град што ќе работи за граѓаните, а не за партиите и нивните интереси.
„Гледаме како оние што четири години го држеа градот во заложништво сега се обидуваат да се претстават како спасители. ВМРО-ДПМНЕ ја избра Арсовска, ја контролираше, па ја блокираше и го остави градот да потоне во ѓубре. Скопје не беше жртва само на една неспособна градоначалничка, туку на една партиска одлука“, рече претседателот на СДСМ, Филипче.
Тој остро се осврна на последните четири години, кои според него биле изгубени за Скопје и за чиј хаос има име и презиме како што треба да има одговорноста, а не само извинување.
„Зошто дозволивте 4 години да се гушиме? Зашто го блокиравте градот? Механизација, автобуси, превоз, пожарникари. Зашто правевте инает во градот? За да ја потиштите градоначалничката што сами ја избравте. Па одговорноста има име и презиме. И таа не се избегнува со нови постери и со дефокусирачки пораки. Граѓаните се сведоци на ова. Вистинскиот екоцид не е само во отпад. Туку во политиката, што се водеше со калкулации, со уцени и со исклучиво партиски интерес. Ние ќе покажаме дека може поинаку. Ќе покажаме дека постои политика што не почнува и не завршува со прес конференција. Политика што не се плаши од работа. Каја Шукова има јасна визија за Скопје и да ја ќе ја спроведе. А ние сме тука да ја подржиме, не со зборови. Туку со цел тим, со цела платформа и со целата одговорност“, потенцираше тој.
За против кандидатите Филипче рече дека Шукова има целосен легитимитет да ја побара довербата од граѓаните за тоа што од една страна има кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на највалканата општина. Од друга страна е т.н. независен кандидат поврзан со фирми кои го бетонираа Скопје.
„За да ја потиштите градоначалничката што сами ја избравте. Па одговорноста има име и презиме.
Се бориш со луѓе и против кандидати во споредба со кои мислам дека имаш инает и многу легитимитет и кредибилитет да излезеш пред граѓаните и да бараш довербата.
Имаш против кандидат од ВМРО-ДПМНЕ кој е градоначалник на највалканата општина во Скопје.
На најзапуштената општина во Скопје. Ниту едно остварено големо ветување од изборите минатиот циклус на избори. И сега ја бара довербата да биде градоначалник на цело Скопје. Ако во 72 часа се доволни да се исчисти градот зошто дозволивте 4 години да се гушиме. Зашто го блокиравте? Механизација, автобуси, превоз, пожарникари? Зашто правевте инает во градот? И имаш против кандидат така наречен независен. Чијашто фирма на факултет прави проекти за големите компании, кој што градат низ цел град, кој што го транзицираат Скопје. Па нека ни каже Билјана Ивановска дали има конфликт на интерес да се декларира како независен? Граѓаните заслужуваат чесен избор, а тоа е Каја Шукова“.
Притоа тој потенцираше дека СДСМ и Каја Шукова можат повеќе и поинаку.
„Ќе покажаме дека постои политика што не почнува и не завршува со прес конференција. Политика што не се плаши од работа. Каја Шукова има јасна визија за Скопје и да ја ќе ја спроведе. А ние сме тука да ја подржиме, не со зборови. Туку со цел тим, со цела платформа и со целата одговорност“, потенцираше Филипче на презентација на програмата на кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова.
Филипче посочи дека токму локалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе четири години е најсилниот аргумент против нив, особено во главниот град.
„Еве, 90% од општините во Скопје, вклучувајќи и градот Скопје, се раководени од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години. Па гледајте во каков град, какви општини живееме. Така што сметам дека е тоа само еден таков обид“, рече Филипче.
На новинарско прашање за хаосот со ѓубрето, запуштените улици и урбаната запоставеност на градот, Филипче директно ја посочи одговорноста кон ВМРО ДПМНЕ.
„Исклучиво и ексклузивно вината е во ВМРО-ДПМНЕ, во блокадите на Советот во Град Скопје, во рамките на раководењето на нивните општини. Еве, видете како е несредено, неискосено, неисчистено и во Аеродром, и во Кисела Вода. И сега тие луѓе повторно претендираат да бидат градоначалници“, рече Филипче.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




