Скопјани осум години му се заканувале на кумановец изнудувајќи 300.000 евра
Објавено во: Македонија 05 Август, 2025 21:22
Кривична пријава добија двајца скопјани што осум години му се заканувале на кумановец, изнудувајќи 300.000 евра.
„Оштетениот од Ш.М. земал 30 илјади евра, договарајќи се секој 1. во месецот да му исплаќа камата од 16 отсто. Со тоа, досега во повеќе наврати преку брз трансфер на пари, но и лично на Ш.М. му исплатил вкупно околу 300 илјади евра“, велат од полицијата.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против Ш.М. (34) и Ф.М. (37), двајцата од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело – изнуда.
Во временски период од осум години, двајцата скопјани од оштетено лице од Куманово, изнудувале пари, континуирано упатувајќи му закани врз неговиот и животот на неговата фамилија.
По претходен договор меѓу Ш.М. и оштетениот, вчера се сретнале во кафуле во склоп на бензиска пумпа во Куманово. Таму оштетениот му дал 2 000 евра на Ш.М.
Потоа, полицијата го лишила од слобода Ш.М., а по извршен претрес кај него се пронајдени парите.
Извршен е и претрес во куќата каде престојуваат Ш.М. и Ф.М., шри што е пронајдена документација поврзана со кривичното дело.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




