19 Декември, 2025
0.0463

СКОПЈАНИ ПАК ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ПРИВАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: ЈСП и Град Скопје им должат 140 милиони денари

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2024 13:52

Добивај вести на Viber

Скопјани повторно ќе останат без приватниот јавен автобуски превоз, бидејќи, како што информираа возачите, Град Скопје и ЈСП „Скопје“ пак не им плаќаат за услугата. Денеска возачите излегоа на прес-конференција на која кажаа дека немаат веќе пари за гориво, должат на пумпите каде што полнат и веќе почнале да добиваат тужби. Како ќе им снемува гориво, така ќе ги паркираат автобусите и ќе ги исклучат од сообраќај.

Заклучно со јуни кон нив има долг од 140 милиони денари односно 2,2 милиони евра. Приватните превозници добиваат пари од ЈСП „Скопје“, а на јавното претпријатие субвенции му префрла Град Скопје.

Последна исплата имавме за јануари и тоа само 35 проценти од сумата. Веќе не можеме да издржиме. Сакаме да им се извиниме на граѓаните и да им кажеме да не чекаат приватни автобуси на топлово оти нема да возиме“, кажа Оливер Петрушевски, возач кај приватните превозници.

Превозниците информираа дека имале средба со ексдиректорот Крсте Петревски кој им ветувал исплати, но сега ЈСП има нов директор Драги Кушовски, кој уште не ги примил на средба и немаат никакви најави дека ќе добијат пари. На прес-конференцијата на беа директорите на трите фирми превозници кои склучија договор со ЈСП „Скопје“. Возачите велат дека тие ги поддржуваат, но имаат забрана од градоначалничката Данела Арсовска да даваат изјави за медиуми.

Скопје без приватни автобуси остана и во ноември 2022, исто така поради долг од 1,5 милиони евра. Тогаш Арсовска се искара со превознциите „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и ги раскина договорите велејќи дека на градот не му требаат приватни автобуси, дека за џабе пари оделе во приватни џебови и дека ЈСП „Скопје“ може да ги покрие линии кои тие ги одржувале. Но, само неколку месеци подоцна Арсовска распиша оглас и пак ги вклучи приватните превозници во јавниот превоз, но сега договор склучи со други, новорегистрирани фирми.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот