05 Декември, 2025
0.0517

Скопјани смрзнати, Топлификација пушта само 30% енергија

Објавено во: Економија 07 Декември, 2012 11:43

Добивај вести на Viber

Топлификација ги врати лиценците, но не и авансите на граѓаните. Дилемата на која одговор засега немаат ни во РKЕ е што ќе се случи доколку се најде нов снабдувач бидејќи досега на „Топлификација“ се плаќа аванс за греењето по јануари, пренесува Сител. Околу 55.000 семејства во Скопје кои се приклучени на системот на „Топлификација“се соочуваат со неизвесноста кој ќе ги грее откако компанијата се откажа од лиценците. Скопјани кои се греат на парно смрзнаа на температури кои во утринските часови се спуштаат и под нулата. Граѓаните се жалат дека компанијата пушта само 30% од енергијата и дека и покрај високите сметки и преплатени аванси, пак се незагреани. Kако што се дознава од извори од РЕK, до сега никој не се пријавил за нов снабдувач со топлинска енергија. По августовското зголемување, почнаа да пристигаат и новите сметки во кои првпат се прикажува потрошувачка по мерач од каде што се гледа колку е потрошено, а колку наплатено, се гледа дека компанијата во периодот од август до декември, кога се прави порамнувањето, ќе ни наплати трипати поголема сума отколку што е потрошено за испорачаната топлинска енергија. Згора на тоа и предвреме се плаќа и ДДВ на нешто што уште не е потрошено. За стан од 60-ина квадрати „Топлификација“ од август заклучно со декември наплаќа фактура од 4.300 денари  Од тоа 3.500 денари е авансот што сe преплаќа на компанијата, а другото се давачки и ДДВ, додека потрошената енергија чини максимум 1.000 денари. Излегува дека заклучно со декември овој потрошувач испорачаната топлинска енергија реално ќе го чини максимум 6.000 денари, а ќе плати околу 21.000 денари на „Топлификација“. Авансно во оваа сума е влезен и ДДВ, кој е околу 4.000 денари, а кој предвреме се плаќа за неискористена услуга.Што ќе се случи со овие аванси ако се најде нов снабдувач не знаат ни во Регулаторна. - До сега се нема пријавено ниту една компанија за снабдување со топлинска енергија, а крајниот термин е 14 декември. Има многу нејасности и за нас, но нашата обврска е да обезбедиме снабдување на скопјани со топлинска енергија. Се поставува и дилемата зошто компанијата е доведена до оваа состојба на која се жали кога нашите анализи покажаа дека е во добра финансиска кондиција со одобрените цени и приходи. „Топлификација“ постојано се жали дека е оштетена од нашите одлуки, а добива повисоки цени и приходи и сега одеднаш се откажува од дејноста. А ние треба да бараме нов субјект кој треба да почне одново, со нови финансиски средства, кои ќе треба да ги платат граѓаните - велат извори од Регулаторна. Граѓаните се револтирани бидејќи знаат дека авансите што им се земени никој нема да им ги врати назад, а и покрај тоа догреваат за да достигнат нормална температура во становите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија