22 Ноември, 2024
0.0335

СКОПЈАНИ УТРОВО СЕ РАЗБУДИЈА СО ТОПЛИ РАДИЈАТОРИ - октомври и ноември нема да бидат критични

Објавено во: Економија 15 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Утринава граѓаните се разбудија со топли радијатори.

Почетокот на грејната сезона оваа зима за среќа не го дочекуваме смрзнати.

Регулаторната комисија за енергетика ги издаде трите лиценци на АД ЕСМ за регулирано производство на топлинска енергија, за дистрибуција и за снабдување со што се исполнети сите предуслови денеска, на 15 октомври да се вклучи парното греење за скопјани.

Лиценцата за производство е издадена до април 2023 година, лиценцата за дистрибуција на максимален рок од 35 години и лиценцата за снабдување на максимален рок од 10 години.

– Со издавањето на овие лиценци се исполните сите предуслови за отпочнување на грејната сезона во Градот Скопје која ќе почне од 15 октомври. Сите критериуми кои важеа, ќе останат и понатаму. Температурата ќе остане 21 степен Целзиусов.

Во Белград започнувањето на грејната сезона е одложено, истото е направено во Италија. Во Австрија и Швајцарија максималните температури се 19 степени, а ние остануваме на истите 21 степен и се што може РКЕ да направи, ќе направи во рамките на нормалното за да има непречено греење.

Очекуваме дека во првичните денови со топлината ќе има вообичаени проблеми. Ги повикувам граѓаните да покажат трпение. Сè што треба да преземе ЕСМ ќе биде преземено со цел топлината да стигне до секој стан. Очекуваме почеток на грејната сезона. Го повикуваме ЕСМ да работи во оптимален режим на работа со цел да се заштеди на гориво за производство на топлина – истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Тој рече дека октомври и ноември нема да бидат проблематични месеци бидејќи се очекува да имаме повисоки температури, па неработењето на ТЕ-ТО кој сè уште не може да најде поевтин гас, нема да влијае врз парното греење.

– Скопје до 2012 година се греело без ТЕ-ТО и сега ќе може. Замолувам да не создаваме непотребна паника и да не креваме хистерија кај граѓаните. Србија која има далеку пониска цена на гасот и резерви на гасот, ја одложи грејната сезона за една недела. Така што верувајте им на институциите – порача Бислимоски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат