19 Декември, 2025
0.0962

Skopje City Mall се преобразува во Sport City!

Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2014 11:18

Добивај вести на Viber

Од 5-ти до 8-ми Јуни, Скопје Сити Мол ќе биде центарот на спортските случувања во Република Македонија. Со цел да се поттикнат граѓаните да почнат да се занимаваат со спорт, но и да се запознаат со спортови кои досега веројатно не ги сретнале, најголемиот мол во државата им нуди одлична можност –да го одберат оној кој ним најмногу им се допаѓа и одговара, или едноставно да се запознаат со целокупната спортска историја на Република Македонија на едно место.

За деновите кога Skopje City Mall ќе биде трансформиран во Sport City се планирани најразлични спортски активности за посетителите на молот. Во прв план е најголемата поставка на активни спортски федерации некогаш реализирана во Република Македонија. На 5-ти Јуни, повеќе од 25 спортски федерации со свои реквизити и практична презентација на својата спортска вештина ќе бидат поставени во и околу Скопје Сити Мол. Во соработка со Агенција за млади и спорт и Сојуз на Спортски федерации на Македонија, за посетителите се отвора можност да се запознаат со сите спортови кои се тренираат во Македонија, нивните успеси, како и на дело да видат што значи да се тренира таеквондо, џудо, па дури и планинарско качување од највисокиот кат на молот. Дел од настанот ќе бидат и истакнати спортисти од сите спортови кои ќе разговараат со присутните со цел истите да ги мотивираат и советуваат околу можностите кои секој спорт ги нуди.

Со цел да ги поттикнеме граѓаните да конзумираат спорт, Скопје Сити Мол реши во текот на еден продолжен викенд да го направи целиот мол едно големо спортско игралиште”, велат од Сити Мол. “Нашата цел да креираме настани кои ќе бидат атрактивни за посетителите ја продолжуваме со Sport City. Веруваме дека ова ќе е единствената прилика за граѓаните да видат какви се спортови се тренираат во Македонија и да изберат еден, со кој би се занимавале професионално или рекреативно. Битно е да почнат да размислуваат “спортски”, бидејќи спортот го активира телото, но и го прочистува умот”, велат од Сити Мол притоа најавувајќи интересен остаток од викендот во Градот на спортот.

Во рамките на Sport City, секој кат од молот ќе има дел каде посетителите ќе можат да ги пробаат своите спортски способности преку еден од Предизвиците кои за нив ги подготви Крос Фит Скопје. Истите ќе бидат од натпреварувачки карактер, а победниците ќе добијат вредни награди за својот труд и спортска подготвеност. Како дополнителна забава, учесниците на овие предизвици ќе бидат фотографирани, а оние мускули со најмногу лајкови на социјалните мрежи ќе бидат прогласени за “Најмускули на Скопје Сити Мол”.

Продолжениот викенд во Градот на спорот во Скопје Сити Мол е уникатен начин да се слави спортот, но и да се оддаде внимание на сите спортски успеси во различни спортски дисциплини, кои Република Македонија несомнено ги поседува. Конечно, вреди да се напомене дека целокупниот настан ќе биде проследен со попусти во спортските продавници, како би се комплетирала трансформацијата на Скопје Сити Мол во едно комплетно ново спортско издание, различно од сè што е досега видено во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка