Скопје и Берово најстудени - колку степени под нула се измерени?
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2017 08:36
Утрово најстудено беше во главниот град на Македонија и во Берово.
Измерени се -21 степени во Скопје Петровец, Берово, -20 Битола, -19 Тетово, -18 Куманово, Демир Капија, Штип, -17 Струмица, -16 Скопје Зајчев Рид, Прилеп, -15 Крива Паланка, -14 Виница, Дебар, Пожаране, -13 Тополчани, Ѓуриште, -12 Маврово, Гевгелија, -10 Лазарополе, -9 Крушево, -8 Претор, -7 Дојран, Охрид.
Снежната покрива е 1 сантиметар во Дојран, 2 Гевгелија, 8 Скопје, 10 Прилеп, Скопје Петровец, 12 Виница, 13 Штип, 14 Демир Капија, 15 Охрид, Претор, 16 Куманово, Струмица, 18 Крива Паланка, 19 Битола, 24 Крушево, 25 Тетово, 26 Ѓуриште, 27 Дебар, 29 Берово, 36 Тополчани, 41 Пожаране, 47 Лазарополе, 62 Маврово.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне од -4 до 5 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот потопло со умерен јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови на планините ќе има повремен снег, а во пониските места на запад дожд и снег. Утринската температура ќе биде од -14 до -5, а дневна температура од 2 до 7 степени.
Во сабота на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневните температури ќе се одржуваат околу нулата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




