Скопје има над 10.000 активни случаи на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Декември, 2020
Во главниот град има над 10.000 активни случаи на коронавирусот, според податоците кои ги објави денеска Министерството за здравство.
Има 10.477 активни, а досега вирусот е потврден кај 28.368 скопјани. Во Прилеп има 1.031 активни, во Гостивар 996, во Тетово 974, во Куманово 886.
Виока бројка на активни има и во Велес, односно 725, а Битола има 942.
Охрид има скоро 600, а Кавадарци над 500 активни случаи на коронавирусот.
Најмалиот град во Македонија, Пехчево има само 19 активни случаи на Ковид -19.
Вирусот секој ден носи човечки животи. За 24 часа има 22 починати од коронавирус во Македонија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.