05 Декември, 2025
0.0442

Скопје ќе се гасифицира со партнерство

Објавено во: Економија 02 Декември, 2012 11:03

Добивај вести на Viber

Учество во јавно – приватно партнерство за изградба на идниот систем за дистрибуција на природен гас и за управување со дистрибуцијата на природен гас на територијата на главниот град, ова е огласот преку кој  Градот Скопје бара концесионер за гасификацискиот систем. Начинот и условите за реализација на долгонајавуваниот проект за гасификација на Скопје дополнително ќе се утврдуваат во соработка со компаниите што ќе достават писмо за интерес најдоцна до 21 декември. Според информациите наведени во јавното известување, локалната власт планира да ја изведе секундарната гасоводна мрежа и дистрибуцијата на енергенсот до потрошувачите по пат на доделување на концесија во временски период кој сеуште не е определен. Во изготвената студија од Градот Скопје се наведува дека вкупната инвестиција за реализација на дистрибутивната мрежа би изнесувала околу 40 милиони евра, финансиски средства кои ќе треба да ги обезбеди идниот приватен инвеститор што ќе ја добие концесијата во соработка со градската управа. На територијата на Скопје веќе постојат две мерни станици на магистралниот гасовод кај фабриката „Охис“ и кај скопската Железарница.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје